Светските лидери ќе се обидат да соберат над 8 милијарди американски долари (£6,5 милијарди фунти) за развој на вакцина против коронавирус, како и финансирање на истражувања за дијагностицирање и лекување на болеста.

Околу 40 земји и донатори учествуваа на онлајн самитот чиј домаќин е  ЕУ. Претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен изјави дека парите ќе помогнат во започнување на глобална соработка без преседан. Според неа, овој самит ја покажува вистинската вредност на единството и хуманоста, но нагласи дека ќе бидат потребни многу повеќе активности во наредните денови.

Повеќе од 30 земји, заедно со ООН и филантропските тела, како и истражувачките институти, направија донации на настанот чиј домаќин беше Европската комисија од нејзинито  седиште во Брисел.  Меѓу донаторите е и поп пејачката Мадона, која ветила 1 милион евра (1,1 милиони американски долари), според изјавата  на Фон Дер Лајен.

Европската комисија вети 1 милијарда американски долари, финансиски средства со кои ќе се финансира истражување за вакцина. Норвешка  го прифати предлогот на Европската комисија, а Франција вети 500 милиони евра, исто како Саудиска Арабија и Германија. Јапонија вети повеќе од 800 милиони американски долари.

Иницијативата веќе ја потпишаа италијанскиот премиер Конте, германската канцеларка Меркел, како и францускиот претседател Макрон.

 

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.