СЗО ГИ РАЗГЛЕДУВА ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ ПРЕКУ ВОЗДУХ

ЖЕНЕВА / ЧИКАГО (Ројтерс) – Светската здравствена организација (СЗО) го ревидира извештајот по реакцијата на повеќе од 200 научници. Тие во заедничко писмо адресирано до СЗО, приложиле докази  врз основа на кои бараат СЗО да ги преиспита препораките за заштита од вирусот. Во својот заеднички исказ тие наведуваат дека постојат докази, кои укажуваат дека вирусот може да се шири во воздухот, преку честички од вирусот кои можат да лебдат во воздухот во затворени простории.

 

Според отвореното писмо до СЗО, објавено во понеделникот  06.07.2020 во стручното списание за клинички инфективни болести, 239 научници од 32 земји навеле докази според кои честички на вирусот кои лебдат во воздухот, можат да  ги заразат луѓето кои ги вдишуваат. Научниците бараат СЗО да ги ажурира своите препораки, укажувајќи на фактот дека тие помали честички можат да останат во воздухот.

 

„ Свесни  сме за статијата и ги разгледуваме содржините кои произлегуваат, заедно со нашите технички експерти“, изјавил портпаролот на СЗО, Тарик Јасаревиќ.

 

Според СЗО вирусот што предизвикува КОВИД-19, се шири меѓу луѓето, првенствено преку мали капки исфрлени од носот и устата на заразено лице, кои брзо паѓат од воздухот заради нивната големина.

 

 

Извор: REUTERS

Share via
Copy link