СЗО НАЈАВИ ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊАТА ЗА ЛЕКОВИ ЗА КОВИД ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ

ЖЕНЕВА / ЛОНДОН (Ројтерс) – Светската здравствена организација (СЗО) наскоро треба да добие резултати од клиничките испитувања, што ги спроведува за да утврди кои лекови би можеле да бидат ефективни во лекувањето на пациентите со КОВИД-19, изјавил во петокот 03.07.2020, нејзиниот генерален директор Тедрос Аданом Гебериесус.

 

„Скоро 5.500 пациенти во 39 земји досега беа регрутирани во истражувањето“, изјавил тој на брифингот за медиумите, осврнувајќи се на клиничките студии што ги спроведува агенцијата на ОН.

„Очекуваме одредени резултати во текот на следните две недели“.

 

Мајк Рајан, раководителот на програмата за итни случаи на СЗО, изјавил дека не е паметно да се предвиди кога вакцина за КОВИД-19 ќе може да биде готова за масовно дистрибуирање.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap