СЗО ПРЕДУПРЕДУВА ЗА „ВТОР ПИК“ ВО РЕГИОНИТЕ КОИ БЕЛЕЖАТ ПАД НА СЛУЧАИТЕ СО КОВИД-19

Женева(Ројтерс) – Земјите во кои се бележи пад од инфекциите предизвикани од  коронавирусот, може да се соочат со „непосреден втор пик“, доколку прерано се откажат од мерките за запирање на појавата на епидемијата, соопшти во понеделникот 25.05.2020, Светската Здравствена Организација.

 

Светот се уште е во средината на првиот бран од коронавирусот, изјавил шефот на итни случаи на СЗО, д-р Мајк Рајан, на брифингот на Интернет, истакнувајќи дека иако случаите се намалуваат во многу земји, тие сè уште се зголемуваат во Централна и Јужна Америка, Јужна Азија и Африка.

 

Рајан укажува дека епидемиите честопати доаѓаат во бранови, што значи дека би можеле да се вратат подоцна годинава на места каде што првиот бран се смири. Исто така, постои шанса стапките на инфекција да пораснат повторно брзо, ако мерките за запирање на првиот бран се укинат пребрзо.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap