СЗО САКА ДА ДОСТАВИ ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО СИРИЈА

Дезинформација бр:

#121

Дата:

13.05.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален Наслов: Светската Здравствена Организација осомничена за помагање на терористите во Сирија

 

На порталот Слободен Свет и Спутник Србија се шири лажна вест дека Светската Здравствена Организација и САД се осомничени за лобирање на своите интереси на штета на Сирија и помагање на терористи. Авторот на текстот од Слободен Свет тврди дека Светската Здравствена Организација се договорила со САД за испорака на хуманитарна помош преку граничниот премин „Јарубија“ на северо-исток од земјата. Во статијата, исто така, е пренесена и изјавата од Мизинцев и Махлуф, кои сметаат дека “под маската на тоа Вашингтон се обидува да изврши транзит на оружје за милитантите и да извезе нелегално произведени енергенти”.  Според нив, преку овој премин „можен е извоз на оружје, наркотици, милитанти и коронавирус на териториите на соседните земји“. Според Мизинцев и Махлуф, на овој начин „се добива впечаток дека оваа организација лобира за интересите на Западот на штета на сирискиот народ и на регионалната безбедност“, потенцираат.

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

Иако во порталот не се наведува изворот на оваа вест, порталот Слободен Свет оваа вест во целост ја превзема од  Спутник Србија, и истата ја објавува без притоа да направи дополнителна проверка и верификација на фактите.

Оваа вест е лажна и манипулативна. Сирија веќе има 50 потврдени случаи на заразени од коронавирус, вклучително и еден на северо-исток, од кои тројца го загубија својот живот. Во ажурираниот меморандум на СЗО се вели дека влијанието на коронавирусот во Сирија може да биде „навистина катастрофално“. Поради тоа, групите за помош кои работат со Обединетите нации, бараат Советот за безбедност итно да дозволи ирачкиот граничен премин со Сирија повторно да се искористи за испорака на хуманитарна помош во борбата против пандемијата на коронавирус. Не се работи за никаков договор помеѓу САД и СЗО, туку напротив, се работи за барање до ООН за доставување хуманитарна помош во Сирија.

За време на состанокот на Советот за безбедност на ООН за хуманитарната состојба во Сирија, неколку членови го повикаа телото да помогне во размената на преку граничните операции за помош во Сирија.

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ООН, Василиј Небензиа, предупреди: „Ние силно ги повикуваме нашите колеги да не губат време да бараат начин да се залагаат за, експлицитно или имплицитно, да го вратат Ал Јарубија“. Но, овие тврдења се неосновани, бидејќи со резолуцијата 2504 усвоена од Советот за безбедност на ООН, доставата на хуманитарна помош преку граничните премини  Ал-Рамта (Al Ramtha) и Ал Јарубија (Al Yarubiya) е укината од 10 јануари 2020 година. Претходно, преку граничниот премин Ал Јарубија, хуманитарна помош била доставувана до над 1.9 милиони цивили.

Во таа насока, Американскиот амбасадор во Обединетите нации, Кели Крафт, потенцираше дека е неопходно да се исцрпат сите опции, вклучително и употребата на Ал Јарубија доколку не се најдат други алтернативи.

Leave a Reply

Share via
Copy link