ТЕСТОВИТЕ (COVID-19) IGM/IGG RAPID TEST KIT ИЛИ ШТО Е НАВЕДЕНО ВО ДОЗВОЛАТА ОД АМЕРИКАНСКАТА ФЕДЕРАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ И ХРАНА?

Во реакцијата на болницата се вели дека нивните тестови се користат во многу развиени земји и дека се клучна алатка во детекцијата на вирусот. Велат дека тестовите се набавени од Холандија чија што влада ги одобрила овие тестови. Најавија кривична пријава кон сите кои што јавно одвраќаа граѓани од тестирање во „Систина“ за„ загрозување на јавното здравје преку невистинитите информации кои ги пласираат во јавноста и ширење на паника преку изнесување на лажни вести“.

Систина најави и дека „во врска со дезинформациите кои се шират во јавноста, а се поврзани со овие тестови кои се произведуваат во Холандија и ги користи КБ Аџибадем Систина, “Болницата ќе ја извести и холандската амбасада во нашата земја“.

Но, Холандската амбасада независно од оваа дебата во општеството се обрати со одлична вест со која најави донација од нови, квалитетни молекуларни тестови за Северна Македонија.

Холандија ќе ја поддржи Северна Македонија во снабдувањето со тестови за Коронавирусот засновани на нуклеарна технологија и развиени од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација. Тестовите се очекува да пристигнат во земјата за неколку дена“, се вели во известувањето на амбасадата на Холандија во Северна Македонија.

 

Тестовите кои ги промовираше Систина

 

Тестовите кои што ги користи „Систина“, доколку се направи истражување на интернет , лесно се заклучува дека оние кои ги нудат ваквите тестови на пазарот многу внимателно ги посочуваат и фактите поврзани со овој производ. Меѓу другото и за тоа како тестовите функционираат, како се употебуваат, но и колку се проверени и безбедни. Еве еден пример на компанија која го продава истиот тип на тест како оној од Систина, кој минатиов период беше предмет на жолчна дебата па дури и закани за кривични пријави. Станува збор за компанијата  RayBiotech која на својата официјална интернет страница посочува дека „резултатите од тестирањето на антитела не треба да се користат како единствена основа за да се дијагностицира или исклучи инфекцијата SARS-CoV-2 или да се констатира статусот на инфекција“. Само како податок, оваа компанија има свои претставништва во 41 земја низ светот.

Дополнително, ако се обидеме да побараме дали и други компании го следат овој пример кога станува збор за Коронавирус (COVID-19) IgM/IgG Rapid Test Kit ќе забележиме дека и компанијата CellexCovid користи идентичен текст на својата официјална веб-страна.

Како што е наведено: “qSARS-CoV-2 IgG/IgM Rapid Test е помагало при дијагностицирање на пациенти сомнителни на SARS-CoV-2 инфекција во релација со клиничката слика и резултатите од другите лабораторски тестови. Резултатите од qSARS-CoV-2 IgG/IgM Rapid Test не може да се користат како единствена основа за дијагностицирање.“

 

Зошто всушност повеќето компании го пишуваат ова?

 

Доколку се појде на официјалната веб-страна на Федералната Агенција за Лекови и Храна на САД, лесно може да се забележи дека конкретниот тест е со дозвола да се употребува, но, не заради исполнување на стандардите и завршените клинички испитувања, туку заради тоа што станува збор за пандемија и како што е посочено во решението со кое се издава дозвола за негово користење, во дадениот момент на 1 април, се повикува на таканаречениот “Emergency Use Authorization (EUA)” акт – “Дозвола за користење во итни ситуации.“ Во дозволата на секоја компанија која ќе го произведува, пакува и дистрибуира ова помагало и се наведува јасно да ги посочи фактите како што се наложени во неа. Меѓу веќе посочените факти погоре, а тоа е дека не може да се користи како единствена основа за дијагноза, Федералната агенција наложува на пациентите да им се посочи и следново:

 

– Овој тест не е проверен и одобрен од страна на FDA

– Овој тест е дозволен за употреба од страна на FDA според EUA – Дозвола за користење во итни ситуации од страна на авоторизирани лабаратории…

За на крај да подвлече дека: Никаков опис или пишан материјал за било каков вид на промоција за употребата на овој тест не смее да наведува или укажува дека овој тест е безбеден и ефикасен за утврдување на SARS-CoV-2.

Се надеваме, дека со овој текст успеавме барем малку да ги појасниме работите, и да придонесеме во оваа дебата од еден малку поинаков агол.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap