Вакцините mRNA кои што се развиваат против Ковид-19 ќе ја сменат човековата ДНК
Некои од вакцините против Ковид-19 се потпираат на рибонуклеинска киселина (mRNA), која што според американскиот Национален институт за канцер носи генетски информации потребни за производство на протеини. Овие вакцини им наложуваат на клетките да произведуваат поголемо количество на протеин кој што личи на дел од вирусот Ковид-19, со што го предизвикуваат имунолошкиот систем на телото да реагира и да произведе антитела. MRNA вакцините претставуваат нова технологија, но сепак не е возможно тие да ја променат вашата ДНК.
Вакцините против Ковид-19 користат технологија за надзор која се вбризгува преку микрочипови кои вакцината ги содржи, а истата е создадена и финансирана од Бил Гејтс
Не постојат вакцини против Ковид-19 кои што содржат микрочипови преки кои се врзи надзор на оној кој што ја примил вакцината. Во декември 2019 година истражувачки тим од МИТ (Институт за технологија во Масачусетс) кој што беше финансиран од страна на фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс, објавија труд за технологија која што ја развиле и која што може да води евиденција за вакцинација на кожата на пациентот со инекција слична на мастило, која што ќе може да се прочита преку паметен телефон. Според Кевин МекХју, професор по биоинженерство на Универзитетот Рајс, кој работел на студијата додека бил на МИТ, технологијата нема капацитет да ги следи движењата на пациентите.
Вакцините против Ковид-19 предизвикуваат неплодност кај голем процент од оние кои ја примаат
Ваквкото “тврдење” произлезе од британскиот јутубер Зед Феникс, кој што во видео (моментално недостапно) објавено на неговиот Јутуб канал тврди дека неименуван извор во фармацевтската компанија „Глаксо СмитКлајн“ му се доверил дека 61 од 63 жени тестирани со вакцина против Ковид-19 станале неплодни и дека „произлегла посебна вакцина наменета за мажи“. Британското здружение за продност е само едно од многуте релевантсни извори кои посочуваат дека не постојат апсолутно никакви докази, ниту теоретска причина, било која од вакцините да може да влијае на плодноста кај жените или мажите.
5G технологијата предизвикува заразување со Ковид-19
5G технологијата не е значително поразлична од 4G технологијата, а уште посигурно е и дека не предизвикува Ковид-19. Истражување направено од страна на научници од Медицинскиот факултет на Харвард, постдокторски соработник на Бостонскиот Универзитет за јавно здравје како и соработник на Институтот Харири, открија дека дезинформациите за тоа дека 5G технологијата предизвикува Ковид-19 се ширеле многу побрзо од самиот вирус. И самиот факт што во држави во кои што се уште не е имплементирана 5G технологијата постојат случаеви на луѓе кои заболуваат од Ковид-19, укажува на тоа дека оваа дезинформација не е воопшто релевантна.
Доколку го имаш прележано вирусот, немаш потреба од вакцинација
Поради сериозните здравствени ризици и последици поврзани со Ковид-19, на лицата кои што веќе го прележале вирусот им се препорачува вакцинација поради фактот што е можна повторна инфекција со вирусот. Имунитетот кој што се стекнува со прележувањето варира кај секој човек посебно, па поради тоа вакцинацијата е препорачлива поради тоа што нуди подобра заштита за коронавирусот отколку природниот имунитет.
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО