ТРАМП: ГО ПРЕКИНУВАМЕ (ПРИВРЕМЕНО) ФИНАНСИРАЊЕТО НА СЗО

Tags: COVID-19Donald TrumpPandemiaWHO
By април 15, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека им наредил на неговата администрација привремено да го запрат финансирањето на Светската Здравствена Организација (СЗО), поради начинот на кој таа се справува/ше со пандемијата на коронавирусот  – јавува Ројтерс.

“СЗО не ја исполни својата основна задача и поради тоа мора да одговара“ – изјави претседателот Трамп на прес конференција во Белата Куќа. Тој додаде дека, СЗО промовирал кинески “дезинформации“ поврзани со коронавирусот оценувајќи притоа дека тоа довело до уште поголемо ширење на заразата.

Пред само два дена,  Тедрос Адханом Гебресиус, Генералниот Директор на СЗО, запрашан од страна на американски новинар за најавите на Трамп дека би можел да го “прекине“ финансирањето оваа недела, изјави дека разговарал со него пред две недели.

“Тоа што го знам е дека тој изрази поддршка и се надевам дека финансирањето ќе продолжи. Нашиот однос е многу добар и се надеваме дека тоа ќе продолжи,“ изјави Гебресиус.

САД е најголемиот донатор на СЗО кој е стациониран во Женева, придонесувајќи со повеќе од 400 милиони долари во 2019, или околу 15% од буџетот на оваа организација.

Оргиналната статија можете да ја прочитате тука.

 

Целосно превземено од Ројтерс.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap