ТРАМП КАКО “ЖРТВА” НА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР ЗА КОРОНА-ВИРУСОТ

Дезинформација бр:

#198

Дата:

09.11.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: ДОКАЗ ДЕКА КОРОНАТА Е НАПРАВЕНА ДА СЕ СОБОРИ ТРАМП! Фармацевтска компанија објави шокантни резултати

На 9 -ти ноември порталот Слободен свет објави текст со наслов ДОКАЗ ДЕКА КОРОНАТА Е НАПРАВЕНА ДА СЕ СОБОРИ ТРАМП! Фармацевтска компанија објави шокантни резултати. Во содржината на текстот се вели дека корона-вирусот бил направен како биолошко оружје , чија главна цел била да се отстрани Доналд Трамп од претседателската функција. Ова тврдење наводно го посочил уште во септември, Ричард Гренел специјалниот пратеник на САД за Косово, а сега се покажало како целосно оправдано. А како доказ за тоа дека вирусот е создаден и искористен да се тргне Трамп, е објавата на фармацевтската компанија Фајзер во која се наведуваат првичните резултати од третата фаза на истражување на вакцината за КОВИД-19, според кои вакцината е ефикасна 90 проценти. Со тоа се потврдува дека целта наводно е постигната, Трамп не е реизбран за претседател.Моќното оружје против ковидот доаѓа точно во моментот кога Трамп ги губи изборите.

Порталот нема наведено автор на текстот, ниту извор од каде е преземена содржината, но многу веројатно е истата да е преземена од српскиот портал Republiка.rs, кој го има објавено истиот текст со идентичен наслов.

Содржината на текстот е дезинформативна со елементи на теорија на заговор. Тврдењето дека корона-вирусот е биолошко оружје да се тргне Трамп од претседателската функција е целосно неиздржано и непотврдено. Фактот што компанијата Фрајзер ги објави своите успешни резултати само неколку денови по изборите, на кои Трамп ја изгуби трката, не е доволен да се изнесе такво шпекулативно тврдење.

Во својот текст Дојче Веле ги изнесува двете спротивставени страни во конкретниот случај. Па така

додека самиот Претседател на САД во заминување Трамп, тврди дека времето на објавување на вести за потенцијална вакцина КОВИД-19 е дизајнирано да му наштети на неговата изборна кампања, како и дека регулаторите заземаат политички страни, од друга страна самата компанија Фајзер дознава за резултатите во неделата ( 8-ми ноември). Воедно американската Администрација за храна и лекови не била вклучена во одлуката на Фајзер да ги објави своите први резултати. Секоја студија за вакцини, како што е и оваа спроведена на вакцината на Фајзер е надгледувана од независен одбор за следење на безбедноста на податоците, кој се состои од научници и статистичари кои немаат никакви врски со производителите на вакцини. Така, Буркард , постар потпретседател за истражување и развој на безбедност на лекови во Фајзер, одговори дека времето на објавување не е поврзано на било кој начин со претседателските избори. Исто така извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, за Си-Ен-Ен изјавил дека тајмингот нема никаква врска со политиката.

Раководните лица на Фајзер исто така возвратиле и на сугестиите дека успехот е резултат на јавно приватно партнерство за развој на вакцина. Имено производителот не прифатил државни средства за развој, тестирање или проширување на производствениот капацитет според иницијативата на администарцијата на Трамп  (Operation Warp Speed) за побрзо наоѓање вакцина и третмани за вирусот.Трошоците за развој и производство на вакцини на Фајзер за КОВИД-19 се целосно финансирани од сопствени средства, изјавила портпаролката на Фајзер Јерика Питс.

Воедно Трамп и не е единствениот што изјавил дека вакцина може да биде достапна до крајот на годината. Исто така и здравствените експерти изјавиле дека вакцината потенцијално може да биде достапна до крајот на годината иако резултатот не бил сигурен.

И Д-р Ентон Фаучи врвен американски владин експерт за заразни болести, претходно изјавил дека е “претпазлив оптимист” дека вакцината ќе биде готова до крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.

 

Заклучок:

Теории на заговор дека вирусот е биолошко оружје постојат од самиот почеток на пандемијата. Користејќи ја генетската низа на вирусот, научниците успеаја да го разоткријат митот дека вирусот потекнува од лабораторија. Новата теорија на заговор се поврзува со претседателските избори во САД, а наводно  целта на тој заговор  Доналд Трамп. Ова е развој на нови теории на заговор, кои наместо да стивнуваат, сеуште се присутни во медиумскиот простор.

Вакцините се достигнувања и успех на науката и медицината а не на политиката.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap