ТРУДО: ГИ РАЗОЧАРУВАМЕ НАШИТЕ БАБИ И ДЕДОВЦИ ВО БОРБАТА СО ВИРУСОТ

Во Канада, скоро половина од вкупните смртни случаи, како последица од Коронавирусот, се случиле во домови за стари лица, известува Ројтерс. Затоа се бара начин со кој постарите лица би се заштитиле, но воедно да се заштитат и помладите кои што се грижат за нив.

Во четвртокот (23.04.2020) Канадскиот премиер Џастин Трудо изјавил пред новинарите за време на редовниот брифинг дека се потребни итни мерки и поинаков пристап, бидејќи досегашните мерки се разочарувачки, признавајќи дека имаат неуспех во овој сегмент од борбата со коронавирусот.

Имено, најголемите провинции на Канада, Онтарио и Квебек побарале од Владата да пружи армиска помош бидејќи имаат недостаток на кадар во домовите за стари лица.

Но, Трудо мисли дека ова би бил само моментално решение кое што не е одржливо на долг рок, и верува дека војниците не треба да бидат тие кои што ќе се грижат за постарите лица.

На семејствата на постарите лица веќе им е забрането да одат во посети, но сепак министерот за здравство мисли дека и самотијата и тагата за нивните најблиски може да биде смртна по постарите лица.

 

Извор:  Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap