ТВИТЕР СО ЕТИКЕТИ ЌЕ ГИ ОЗНАЧУВА СОМНИТЕЛНИТЕ ТВИТОВИ КОИ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКААТ ЗБУНЕТОСТ ЗА КОВИД-19

(Ројтерс) – Твитер воведува етикети и предупредувачки пораки на одредени твитови со непотврдени или погрешни информации за COVID-19, соопшти компанијата. Ова е дел од новиот пристап кон дезинформациите.

 

Целта на овој чекор е да се овозможи на луѓето да им бидат обезбедени повеќе информации, во случаи кога постои ризик, твитот да предизвика  збунетост или наведување кон погрешни заклучоци, а самиот не може да се отстрани, најавуваат од Твитер.

 

Компанијата соопштува дека во зависност од склоноста кон штетaта и видот на погрешни информации во твитот, може да се додадат и предупредувања, со цел да се покаже дека твитот е во конфликт со насоките на експерти за јавно здравје, пред некој корисник да го регистрира тоа.

 

Дигиталните платформи се под силен притисок за заканите кои ги предизвикуваат дезинформациите за пандемијата од КОВИД-19 кои се шират преку нивните мрежи.

 

Ваквите лажни тврдења се движеа од лажни лекувања до дезинформации кои го поврзуваат вирусот со теории на заговор  во кои се вклучени и јавни личности, како што е ко-основачот на Мајкрософт- Бил Гејтс или се поврзуваа со  5G технологија.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap