УЧИЛИШТАТА ВО ОНТАРИО ЌЕ ОСТАНАТ ЗАТВОРЕНИ ДО СЕПТЕМВРИ, НАЈАВИЛ ПРЕМИЕРОТ

Tags: CanadaOntarioSchool year
By мај 20, 2020 Other

ТОРОНТО (Ројтерс) – Училиштата во Онтарио, најнаселената провинција во Канада, ќе останат затворени  за тековната учебната година до крајот на јуни, како резултат на пандемијата  од COVID-19, изјавил во вторникот  19.05.2020, премиерот Даг Форд.

 

„Безбедноста на нашите деца е мојот најголем приоритет“, им изјавил Форд на новинарите. „Не можеме да ги отвориме училишта во овој момент. Едноставно нема да  ризикувам “додал Форд.

 

Деталниот план за тоа како училиштата ќе се рестартираат во септември, вклучувајќи ја и големината на училиштата, ќе биде објавен до крајот на јуни, најавил министерот за образование, Стивен Лече, на брифингот за медиуми.

 

Онтарио од денес дозволи некои трговци на мало и дилери на автомобили да ги отворат своите врати пред клиентите, по скоро два месеци рестриктивни мерки.

 

Извор: Reuters

Share via
Copy link
Powered by Social Snap