За украинскиот народ е болна тема ова што се случува во Украина. Сега во 2022 година Украинците се многу поспремни да се борат ако има обид да се одземе дел од територијата на Украина, за разлика од пред неколку години кога не беа спремни да везат во војна кога Русија стави рака врз украинските области Доњецк и Луганск, вели за Утрински брифинг, Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“.

-Ако се случи војна, тоа нема да остане само на ниво на Украина туку ќе се прошири во светот.

Олександр Урбанович

Тој вели дека СССР насилно ја приклучил Украина и затоа во 1932-33 година се случи „гладомор“ и додава дека Украинците во 1991 година биле среќни со осамостојувањето и дека нивната цел се Европската унија и НАТО.

Кога ќе се сретнеме со Руси каде било во Европа, нормално разговараме со повеќето. Ние зборуваме руски јазик и не ни е проблем комуникацијата. Многу често тие ја поддржуваат позицијата на Украина, но тоа не можат да го сторат во Русија оти ќе завршат в затвор.

Олександр Урбанович

Целите на здружението „Лесја Украинка“ во Македонија е Украинците што живеат тука да си помагаат и да се поддржуваат, заеднички да ги слават празниците.

 

Извор: slobodenpecat.mk

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2022 F2N2.