УШТЕ ЕДЕН ВО НИЗАТА АНТИВАКСЕРИ КОИ ШТО ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Уште од самиот почеток на корона-пандемијата постојат разни теории на заговор дека вирусот не постои, дека вирусот е поврзан со 5Г технологијата, дека маските не претставуваат никаква заштита, дека вакцините се всушност механизам преку кој на луѓето им се “вбризгувa чип” заради нивно понатамошно “следење” и ред други неподдржани со докази теории на заговор. Ваквите теории на заоговор се присутни низ целиот свет и за жал поради истите коронавирусот го зема својот “данок”.

Помеѓу последните антиваксери кои што го загубија животот поради компликација предизвикана од коронавирусот се најде и американскиот радиоводител Дик Фарел (65). Фарел бил голем противник на носењето на маски, а истовремено бил еден од најгласните критичари на главниот експерт на управата за инфективни болести на САД, Др. Ентони Фаучи, за кого има изјавено дека е „луд лажго, жеден за власт“.

Откако пред околу 3 недели Фарел бил хоспитализиран во болница поради влошување на здравствената состојба, тој радикално го променил своето мислење за коронавирусот, до тој степен што започнал да им препорачува и да ги убедува своите блиски пријатели вирусот да го сфатат сериозно и воедно да се вакцинираат. Една од неговите пријателки, Ејми Фаралдеу, во пост на социјалната мрежа Фејсбук објави дека пораката која Фарел и ја испратил “Вакцинирај се, вирусот не е шега. Посакувам и јас да бев вакциниран” била причина поради која Ејми решила да се вакцинира.

Членот на градскиот совет на градот Дикинсон и на Извршниот комитет на Републиканската партија, Скот Епли (45), кој исто како и Фарел бил поддржувач на антиваксерската кампања и голем противник на носењето маска, починал само три дена откако му било соопштено дека неговиот тест е позитивен на коронавирусот. Неговиот фејсбук профил изобилува со постови во кои тој имплицира дека вакцините не се ефикасни или дека жали што не може да присуствува на забава на кој што ќе се палат маски. За трагедијата и иронијата да е уште поголема и неговата сопруга и неговиот петмесечен син биле инфицирани со коронавирусот.

Коронавирусот беше причина за смрт и кај други теоретичари на заговор кои сметаа дека вирусот не постои или пак дека маските и вакцините не превенираат заболување од истиот, а помеѓу нив се најдоа: Стивен Хармон, Брајан Ли Хиченс, Сантос Фуентес, Лесли Лоренсон, Ханс Гардер и многу други.

Коронавирусот не претставува измама на глобалофашистите или масоните како што некои теоретичари на заговор сакаат да претстават, коронавирусот е смртоносен и е реалност.

Заштитете се себе и оние околу Вас – вакцинирајте се!

Share via
Copy link
Powered by Social Snap