ВАКЦИНАТА ЏОНСОН И ЏОНСОН НЕ Е СУСПРЕНДИРАНА ВО ДАНСКА

Во претстојниот период во земјава треба да пристигнат 250.000 дози од вакцината “Џонсон и Џонсон”, како донација од Данска. Рокот на траење на овие вакцини е до 2023 година, што е од особена важност за понатамошно планирање на имунизацијата на населението. Донацијата од страна на Данска беше проследена со негодувања на социјалните медиуми, а како причина беше наведена забраната за вакцинирање на населението на Данска со вакцината на “Џонсон и Џонсон”.

Да, точно е дека Данска во мај 2021 година прогласи привремена забрана за вакцинирање на сопственото население поради одредени индикации за згрутчување на крвта кај повозрасни лица кои ја примиле вакцината. Но, во меѓувреме оваа забрана беше укината и вакцината “Џонсон и Џонсон” е една од трите одобрени вакцини за имунизација на населението во Данска.

Вредно е да се напомене дека, според податоците на ourworldindata.org, над 75% од населението во Данска е целосно имунизирано. Дополнително, поради високата стапка на вакцинирано население (највисока во Европа) вирусот не се смета за “општествено критичен” и поради тоа во Данска се укинати сите корона рестрикции.

Создавањето на паника кај населението во врска со вакцината Џонсон и Џонсон, а и со која било друга вакцина не помага во справувањето со пандемијата на корона-вирусот.


Вакцинирај се!

Share via
Copy link
Powered by Social Snap