ВАКЦИНАТА ФАЈЗЕР Е СИГУРНА, ПОТВРДУВААТ ОД САД

Регулаторните тела во САД потврдиле дека вакцината против корона-вирусот на Фајзер и Бионтек е 95% ефикасна, што го отвора патот за нејзино одобрување за итна употреба.

Американската Агенција за храна и лекови – ФДА, смета дека е безбедно вакцината да се одобри.

За првпат се објавуваат вака детални податоци за вакцината, а Велика Британија веќе започна со масовна вакцинација.

ФДА ќе се состане во четврток, 10 декември, за да донесе официјална одлука.

Агенцијата допрва ќе ја одобрува вакцината, но објави документ во кој се наведува дека податоците од испитувањето биле „се совпаѓале“ со препораките утврдени во упатството за употреба во итни случаи.

Регулаторното тело на Велика Британија, МХРА, ја одобри вакцината минатата недела.

 

Извор: BBC

Share via
Copy link
Powered by Social Snap