ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА НАДМИНА ИТАЛИЈА ПО БРOЈОТ НА ПОЧИНАТИ ЛИЦА ОД КОРОНАВИРУСОТ

ЛОНДОН (Ројтерс) – Велика Британија ја надмина Италија, покажуваат официјалните бројки објавени на 05.05.2020. Ова предизвика зголемен притисок врз премиерот Борис Џонсон во поглед на неговото справување со кризата, предизвикана од коронавирусот.

 

Велика Британија сега има најголем број смртни случаи на коронавирусот во Европа, според најновите податоци на владата.  Податоците говорат за  29.427 смртни случаи во болниците, домовите за нега и пошироката заедница ширум Велика Британија заклучно со  понеделникот (04.05.2020), што претставува зголемување за 693 лица.

 

Според податоците на Канцеларијата за национална статистика, од 24 април во Англија и Велс од Ковид-19 починале 29.648 лица, а заедно со починатите во Шкотска и Северна Ирска,  вкупната бројка на Обединетото Кралство достигна бројка од 32.313 починати лица.

 

Извор: Reuters.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap