ВЛАДАТА ПРЕВЗЕМА МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО МИГРАНТИТЕ

Дезинформација бр:

#180

Дата:

09.07.2020

Извор:

republika.mk

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!

Порталот Република на 09 Јули 2020, објави вест со наслов: Мигранти влегуваат кога и колку сакаат, Спасовски тера кампања!

Во краткиот текст, се вели Шокантно видео покажува десетици мигранти како слободно се движат кај местото „Двата пата“ во Струмица. Од порталот „Струмица денес“ велат дека видеото е испратено до струмичката полиција и веднаш е испратена екипа на истото место. ( меѓутоа видеото што е во прилог не е достапно за преглед во моментот на нашето пишување). Понатаму ја спомнува сообраќајната несреќа кај Валандово со повредни 4 мигранти и дека повеќе од 200 мигранти биле пронајдени во камион кај Гевгелија.

На крајот се обидува овие настани да ги поврзе со техничкиот премиер Оливер Спасовски, алудирајќи на тоа дека тој и владата наводно не превземаат ништо во врска со мигрантите.

Во меѓувреме, техничкиот премиер Оливер Спасовски тера кампања после 16 часот, а дотогаш, пак, „врши увид“ на тоа што „сработила“ неговата влада од СДСМ“, стои во текстот на Република.

Порталот објавил текст со кој се прави обид да се изманипулира јавноста со обвинување насочено кон техничкиот премиер Оливер Спасовски. Настаните за влез и транзит на мигрантите низ нашата земја не се нови, но сега им се дава дополнителен акцент со што се создава паника меѓу граѓаните. Тимот на Ф2Н2 го цени овој текст како обид за манипулативно, субјективно и пристрасно известување, што не кореспондира со Новинарскиот Кодекс.

Не е точно дека Владата на чело со техничкиот премиер Спасовски, е посветена само на кампањата и не се превзема ништо во врска со тоа. Имено, Владата на својата 73-та седница ја донесе Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Северна македонија заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Северна Северна македонија.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 2 јули, а со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.

Со оваа одлука Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да изготви Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Северна македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а органите на државната управа да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи.

Главниот штаб претставува оперативно-стручно тело при Центарот за управување со кризи, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации. Главниот штаб е составен од претставници на министерствата за: внатрешни работи, здравство, транспорт и врски, одбрана и надворешни работи. Негови членови се и раководителот на Итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна македонија. Директорот на Центарот за управување со кризи раководи со Главниот штаб.

Во задачи, функција и цели на Центарот за управување со кризи стои дека е одговорен за координацијата на своите и сите други потребни активности со сите учесници во системот за управување со кризи, обезбедува континуирана меѓусебна комуникација и соработка за прибирање на податоци и информации,информира и предлага мерки за ризиците и опасностите што можат да ја загрозат безбедноста на Републиката.

Додека пак, делот на полициската контрола на границите е во ингеренции на Регионалните центри за гранични работи при  Секторот за гранични работи и мигации во МВР, кој е посебен организационен облик во составот на Бирото за Јавна Безбедност, во чија надлежност меѓу другото е и постојано усовршување на методологијата на управување со безбедноста со границите, борба против прекуграничниот криминал, меѓунационална соработка и интерагенциска соработка со други субјекти во Интегрираниот систем на гранично управување.

Колку за потсетување пред повеќе од една година, во февруари 2019-та, беше уапсен Началник на СВР Штип за криумчарење мигранти.

Сѐ ова изнесено погоре, јасно укажува на тоа дека неосновано е тврдењето на авторот во насловот, неосновано е обвинувањето упатено кон Спасовски бидејќи од страна на Владата се превземале и се превземаат соодветни мерки, а во целиот процес постои надлежност и кај други органи.

Наративите за мигрантите не се нови. Особено се појавуваат во време на избори,со цел да предизвикаат недоверба во институциите на системот и да предизвикаат страв и паника кај граѓаните. За мигрантите како дел од дезинформативните наративи , тимот на Ф2Н2 има пишувано во повеќе наврати во изминатиот период. Повеќе за тоа како мигрантите се користат како алатка за дезинформации може да прочитате и во нашата анализа.

Leave a Reply

Share via
Copy link