ВЛАДИТЕ ПОДГОТВУВААТ РАЗЛИЧНИ СТРАТЕГИИ КОЈ ДА СЕ ВАКЦИНИРА ПРВ

Различни земји излегуваат со различни одговори на прашањето за вакцината против КОВИД-19

САД

Водечката светска програма за вакцини „Operation Warp Speed“ на американската федерална влада, планира да дистрибуира 6,4 милиони дози од вакцината Фајзер на Бионтек, во рок од 24 часа по регулаторното прочистување. Но,  овој првичен напор да се имунизираат здравствените работници од прва линија, ризикува потрошени дози, а станува збор за прв чекор и тоа во една земја.

Владини претставници сметаат дека ќе  дојде април, пред повеќето луѓе да се вакцинираат. Владиниот советодавен комитет за практики на имунизација (АЦИП) е подготвен да ги издаде своите упатства, приоритетно на 10 декември. Според секретарот на ХХС, Алекс Азар, оваа недела федералната влада нема да чека препораки за АЦИП, доколку претходно е одобрена вакцина.

КАНАДА

Канада ги  има во вид преференциите на јавното мислење во состав на својата стратегија, што сугерира  дека „Канаѓаните даваат приоритет на медицинските лица и повозрасните “, а исто така ги третираат и „контактите во домаќинството на оние со висок ризик од тешка болест и смрт“ како потенцијални приоритети. Одделот за одбрана веќе набавил замрзнувачи за „складирање и транспорт“ на вакцините против „Ковид-19“.

ЕУ

Премиерот на Луксембург, Бетел, во интервју изјавил дека ЕУ има тешка почетна позиција  во врска со вакцините против КОВИД-19:  „Нема  ни една земја каде над 60 проценти од луѓето сакаат да се вакцинираат“.

Сепак, се чини дека  има надеж меѓу институциите на ЕУ со седиште во Брисел и националните влади за тоа како да се снабдат и доставуваат вакцини. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен потврдила дека оваа недела ЕУ обезбедила вакцини за 430 милиони луѓе – доволно за буквално секој жител на ЕУ.  Ќе се случеше хаос доколку ЕУ не успееше да ја координира дистрибуцијата, изјавил Бетел.

Меѓу низата приоритетни мерки, Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека ќе ја распореди вакцината за да ги „контролира активните епидемии“.

Германскиот постојан комитет за вакцинација, препорачува приоритизацијата да биде водена од „ургентноста на превентивна здравствена заштита“, со цел да се намалат случаите кои најверојатно ќе доведат до хоспитализација или смрт, а и да се обезбеди „одржување на основните функции на државата и јавниот живот“, што вклучува полиција, пожарникари и наставници, покрај здравствените работници.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Заедничкиот комитет на Велика Британија за вакцинација и имунизација има стратегија за приоритети од 11 чекори. По здравствените работници, приоритети се возрасните лица во домовите за нега,  но и во семејните домови.

ЈАПОНИЈА

Главен приоритет на Јапонија се повозрасните граѓани со хронични заболувања. На граѓаните ќе им бидат издадени купони кои ќе го означат нивниот редослед на приоритетната листа, соопштило јапонското Министерство за здравство, труд и социјална помош.

ИНДИЈА

Класните и географските поделби создадоа значителни варијации во стапката на смртност во Индија. 80-годишници во некои држави преживуваат почесто од 60-годишници во други, пишува професорот од Универзитетот во Чикаго, Ануп Малани, во име на Индискиот сојуз за КОВИД. Владата смета дека треба да се постави понизок праг на возраст од повеќето западни земји – 50 години – за приоритетен пристап.

 

Извор:Politico

Share via
Copy link
Powered by Social Snap