ВО НАТО СМЕ ПОД УСТАВНОТО ИМЕ – РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Дезинформација бр:

#123

Дата:

16.05.2020

Извор:

markukule.mk

Време на читање:

3 мин.

Оригинален наслов: Брука невидена! За прв пат во НАТО под името “МК SKOPJE MOD” (Фото)

 

Имено, во текстот се наведува дека на социјалните мрежи се споделуваат “остри реакции и коментари” откако се појави слика на која Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски,  на 183 редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО нашата земја ја претставуваше како “MK SKOPJE MOD”. Во прилог на текстот е објавен и твитер пост  со сликата од генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, на која стои ознаката “MK SKOPJE MOD”

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

Се работи за класична манипулација. Авторот на текстот пренесува пост на социјален медиум, а го претставува како реакција на пошироката јавност. На 183-то редовно заседание на Воениот Комитет на НАТО, за прв пат, Република Северна Македонија учествува  како полноправна членка на НАТО. Спорната слика која кружи по социјалните мрежи е превземена од официјалната веб страница на НАТО.

Во случај , кога се работи за вакви официјални претставувања на државата, потребно е да се побара официјален став од надлежните институции пред да се објави било што. Во официјалното соопштение на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, испратено до ТВ Алфа, се наведува следново:

На официјалната веб страна на НАТО се објавени фотографии и видео од состанокот на Воениот Комитет, како и видео од прес конференцијата одржана по завршување на состанокот. Како што може да се забележи, имињата на државите со црвена боја се обележани од страна на НАТО.

Извор: НАТО.

 

Освен соопштението на Генералштабот дека во текот на целата конференција стоело уставното име, Република Северна Македонија, потврдува и сликата објавена на официјалната веб страна на НАТО. Истата слика е објавена и на веб страната и официјалниот Фејсбук профил на Армијата на Република Северна Македонија.

Тоа што треба да се запомнe е дека во НАТО сме под уставното име – Република Северна Македонија. На прес конференцијата после завршување на состанокот, оддржана од страна на претседавачот со Воениот Комитет на НАТО Главен Маршал Стјуарт Пич, уште на самиот почеток ја поздрави нашата држава со уставното име.

Порталот Маркукуле.мк во континуитет објавува статии со анти-Преспа и анти-НАТО наратив. Тимот на F2N2.mk  го цени овој текст како класичен пример за спин, и препорачува податоците содржани во текстовите на Маркукуле.мк да се земаат со резерва.

Leave a Reply

Share via
Copy link