Пандемијата на коронавирус влијаеше врз сите низи на човечката активност, вклучувајќи ја и траекторијата на про-Кремлин дезинформација. Ревизијата на историјата на Втората светска војна, која стана фокус на про-Кремлинската дезинформација, избледе во позадина, бидејќи медиумските куќи лојални на Кремлин го свртеа својот фокус кон пандемијата Ковид-19.

Меѓутоа, додека локалните власти во Прага отстраниле статуа на советскиот маршал Иван Конев, историјата одеднаш се врати во центарот на вниманието. Медиумите кои што се про-Кремлин едногласно тврдеа дека отстранувањето на статуата е нелегално, неморално и кривично дело. Според нив, тоа беше провокација против Русија, оркестрирана од САД и, се разбира, претставуваше обид за презапишување на историјата.

Напаѓајќи ги локалните власти во Прага, про-Кремлин-дезинформациските медиуми избраа да ги игнорираат историските факти, како што го имаат направено повеќе пати во минатото, дека победата на Црвената армија не донесе слобода за многу од европските нации. Напротив, самиот Маршал Иван Конев имаше водечка улога во кршењето на унгарското востание во 1956 година, како и во градењето на Берлинскиот ѕид. Како и да е, Русија рече дека ќе започне кривична постапка за отстранувањето на статуата, покажувајќи инструментализација на историјата за надворешната политика на Русија.

 

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.