После 80 години од потпишувањето на пактот „Молотов-Рибентроп“, Москва и руските државни медиуми започнаа со ширење на дезинформациски бран. Во кампањата на социјалните медиуми, со слоганот #TruthAboutWWII, се вклучени и профили на Твитер на дипломатските претставништва на Русија. Кампањата имаше за цел да ја преформулира историјата преку манипулација со фактите. Како и да е, Русија сега се обидува да ја насочи вината кон Полска, балтичките нации и западните земји со циркулирање на дезинформации и лажни вести.

Ова не е прв пат Русија да се обидува да ја промени историјата. Истовремено со кампањата, грузиските проруски медиуми активно започнаа со ширење на рускиот наратив во грузискиот медиумски простор. Грузија и Светот (има проруска уредничка политика и дистрибуира лажни вести), врз основа на Ymuhin.ru (од веб-страницата дознаваме дека авторот следи различни теории на заговор. На пример: Елцин починал во 1996 година и бил заменет со Допелгангер до 2007 година) објавиле статија под наслов „Полскиот срам од 1939 година пред почетокот на Втората светска војна“.

Истата веб-страница ја објави статијата на Гулбаат Ртшиладзе, основач на Евроазискиот Институт, под наслов „Кој ја започна втората светска војна?“ Според истражувачката студија на damoukidebloba.com, во 2009 година Гулбаат Ртшиладзе го основал Евроазискиот институт кој ја обвини Грузија за започнување на војната против Русија. Г-дин Ртшилаџе го води проектот Јавно движење на Евроазискиот институт за грузиско-руски дијалог и соработка.

 

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: FactCheck

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.