АСНОМ се брише од Преамбулата на Уставот, идентитетот е изгубен, македонскиот јазик ќе се избрише се само дел од наративите кои што и се пласираат на јавноста, а времето ги демантира. Пред и по потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, македонскиот јазик и идентитет упорно се ставаа на лицитација и во клучни моменти се “констатираше” нивна продажба. Истите наративи се повторуваат а најчесто во важни моменти за македонскиот евро-атлански пат, со што македонската јавност се доведува во заблуда.

Уште во 2018 година, на седница на Комисијата за уставни прашања каде започна расправата за амандманите за измени на Уставот согласно Договорот од Преспа за решавање на спорот за името со Грција, премиерот Зоран Заев истакна дека со ваквите уставни корекции не се менува  идентитетот  и тој останува македонски. Овој факт може да се констатира од членот 7 (став 3) од Договорот, каде што се гарантираат македонскиот идентитет, како и правото да се определуваме како Македонци. Во прилог неколку исечоци од Преспанскиот договор каде што јасно и недвосмислено е наведено дека официјалниот јазик и идентитетот се и ќе останат македонски.

Согласно Преспанскиот договор термините Македонец, македонска, македонски се трајно заштитени и никој нема право да ги оспорува или да ги негира.

Но, и покрај фактите кои што се напишани црно на бело, во македонскиот медиумски етер упорно се пласираа и сè уште се пласираат тезите дека идентитетот и јазикот се или ќе бидат изгубени.

Откако Договорот од Преспа беше потпишан и ратификуван, наративите за изгубен јазик и идентитет постепено стивнаа. За кратко време, истите повторно се активираат поради моменталниот спор помеѓу С.Македонија и Бугарија. Машинеријата за дезинформации и создавање лажна слика повторно се вклучи. Лажниот наратив е повторно активиран од страна на следниве портали: Infomax.mkLider.com.mkVecer.mkKurir.mkNetpress.com.mkRepublika.mk.

Премиер Заев, но и луѓето од владиниот врв кои што се директно вклучени во процесот, во нивните изјави потенцираат на фактот дека македонскиот јазик и идентитет не се на маса за преговори затоа што никаде во светот не се преговара за идентитет и за мајчин јазик.

Дека Бугарија со потпишување на Договорот за добрососедство го потврди признавањето на македонскиот јазик може да се заклучи и од последниот параграф од договорот кој гласи:

И Претседателот на државата, Стево Пендаровски, истакна дека позицијата на државата е јасна и дека нема отстапување од идентитетот и јазикот.

Ние ќе ја повториме нашата црвена линија. Не нè прашувајте што мислат другите, прашајте нè за нашата позиција, а таа е јасна. Преговори за идентитетот и јазикот немало ниту во преговорите за преспанскиот договор. Од тие наши позиции нема да отстапиме. Ова се наши ставови и безрезервно ќе ги браниме”.

Фактот дека истите медиуми промовираат идентични дезинформативни наративи поврзани околу клучни настани за евро-интеграциите на Северна Македонија, укажува на тоа дека станува збор за организирано и координирано дејствување со цел да се иницира недоверба во институциите, процесите и Европската Унија. Ваквите дезинформативни наративи придонесуваат кон зајакнување на анти-Западниот сентимент во општеството, состојба која и одговара на Русија.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.