ЗАПАДОТ НЕ ПРАВИ ХАЈКА ПРОТИВ НОВАК ЃОКОВИЌ

Дезинформација бр:

#162

Дата:

26.06.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

4 мин.

Оригинален наслов: ВЕДРАНА РУДАН : ХАЈКАТА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ ОД ЗАПАДОТ Е ДОКАЗ ЗА НИВНАТА ОМРАЗА КОН СЕ ШТО ДОАЃА ОД БАЛКАНОТ

На 26.06.2020 порталот  Слободен свет , објави статија со наслов „ВЕДРАНА РУДАН : ХАЈКАТА ПРОТИВ ЃОКОВИЌ ОД ЗАПАДОТ Е ДОКАЗ ЗА НИВНАТА ОМРАЗА КОН СЕ ШТО ДОАЃА ОД БАЛКАНОТ“.Во насловот  на овој текст, со цел да се предизвика реакција, пласирано е тврдење според кое постои теорија на заговор на Западот против Новак Ѓоковиќ. Текстот во статијата, кој во голем дел е превземен од колумната на Ведрана Рудан, оригинално е објавен на нејзиниот блог.  Во текстот таа ги навредува и обвинува „белците“, Британците и „Западњаците“ за наводната омраза кон Ѓоковиќ. Ведрана Рудан наведува дека на секој голем натпревар на Ѓоковиќ, може да се почувствува омраза што „белците“ ја испраќаат во негов правец. Истотака, таа ги обвинува Западњаците дека за нив Ѓоковиќ пред сѐ е „Балканец“ и „црнец“ и „дивјак“.

 

Линк до оригиналната статија тука.

Објавениот текст е клик бејт со елементи на теорија на заговор.

Личниот став на Рудан е искористен со цел да се пласира тврдењето дека постои теорија на заговор, според која Западот е против Новак Ѓоковиќ. Тоа е нагласено уште во самиот наслов, со цел да се предизвика таква реакција на јавноста.

Вистината е дека Западот не е против Новак Ѓоковиќ. Напротив, тој како тенисер, има можност да учествува на многубројни меѓународни турнири, каде има рамноправна можност да се натпреварува со сите тенисери на еднаков начин, под исти правила и протоколи.

Информацијата дека Новак Ѓоковиќ е позитивен на коронавирусот се покажа како идеална за клик бејт и ширење на бројни манипулации. Било кој заразен со коронавирусот, не смее да биде искористен за било какви манипулации или пак злобни и неумесни коментари.

Точно е дека Ѓоковиќ кој е најдобар тенисер во светот, ги повика своите колеги на серија турнири кои требаше да се играат во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Неговата цел беше да се задржи добрата форма на тенисерите и да се соберат донации. Прашање е дали периодот на пандемија е идеално време за ваков  спортски настан, на кој требаше да се собере поголема група на луѓе, кои не ги следеа актуелните светски препораки за заштита од коронавирусот, без разлика што според информациите, во одредени земји постоеше впечаток дека вирусот е победен. Регуларните тениски турнири се’уште се на пауза. Дополнителна штета на неговиот имиџ деновиве направи и Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ која застана во одбрана на Ѓоковиќ, укажувајќи дека таа треба да биде обвинувана за Адриа Тур а не тој.

Пандемијата покажа дека се’уште е силна, не е завршена, а вирусот е присутен и лесно се шири.

Адриа турнирот за жал стана лекција дека барањата за рестриктивни протоколи се со причина, а секој без исклучок, па дури и најдобрите, мора да биде одговорни и да почитуваат препораки.

Ни Западот, ни Истокот, ни било која страна или земја, засега немаат успешна алатка со која ќе се справат со вирусот брз жртви.

Пласираната теза во  насловот на текст е теорија на заговор која е манипулативна. Не постои теорија на заговор на западните сили насочена кон Новак Ѓоковиќ. Тој е најдобар тенисер, но сепак не е ослободен од одговорноста за почитување на светските препораки за справување со пандемијата. Почитувањето на препораките и рестриктивните мерки придонесуваат да се спречи ширењето на вирусот.

Тимот на Ф2Н2 го оценува овој текст како манипулативен со елементи на кликбејт и теорија на заговор. Целта на текстот е манипулативно да се убеди јавноста дека Западот е против најдобриот тенисер, што секако не е вистина. А политиката и политичарите треба да се држат понастрана од спортот и спортистите, бидејќи само така можат да им помогнат.

Leave a Reply

Share via
Copy link