Децата ширум Велика Британија развиваат сериозни состојби со менталното здравје, вклучително и посттрауматски стрес, поради пандемијата, предупреди добротворната организација. Во извештајот, организацијата „The Childhood Trust“ нагласува дека неповолноста ги прави децата крајно ранливи. Покрај вознемиреност за здравјето на нивните најблиски, многу деца се соочуваат со социјална изолација и глад.

Недостатокот од пристап до Интернет, дополнително ги става децата во неповолна положба. Со оглед на тоа што многу училници сè уште се затворени поради рестриктивните мерки, децата кои не можат да пристапат до Интернет од дома, практично се исклучени од онлајн учење. Наставниците предупредуваат дека ова ќе доведе до засилени нееднаквости меѓу нив и соучениците од подобро ситуираните семејства.  

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.