За нас

За проектот

Проектот Борба против лажни вести и наративи - FN, е независен проект на Граѓанската асоцијација МОСТ, започнат во ноември 2018 година. Проектот има за цел систематски да се бори против штетното влијание од авторитарните режими, руската пропаганда и дезинформациите во медиумскиот простор на интернет, со користење на разни дигитални алатки и отворен софтвер (OSINT).  

Што работиме?

Нашиот тим се стреми кон обновување на довербата кај граѓаните во демократијата и демократските вредности преку документирање и откривање на стрaтeшките дезинформативни наративи кои се спроведуваат според прирачникот на Кремљ. Ние спроведуваме набљудување, истражуваме, и на јавноста и обезбедуваме експертски мислења, извештаи, анализи и препораки. Исто така, анализираме податоци за каналите на ширење и зајакнување на дезинформациите кои доаѓаат од авторатираните режими.

Нашиот примарен фокус е систематско набљудување на развојот на дезинформативните наративи (домашни и странски), кои се појавуваат за време на главните настани поврзани со евроатлантските интеграции на Северна Македонија. Исто така, предмет на наш интерес се и тековните дезинформативни наративи поврзани со останати релевантни настани.

Преку кохезивно општество кое ги споделува вредностите на демократијата, и кредибилни информации базирани на факти, ние се стремиме кон слободна, безбедна и просперитетна Северна Македонија, целосно интегрирана во ЕУ и НАТО.

Нашиот тим

Автори

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.