ПАРИЗ (Ројтерс) - Франција во петокот 26.06.2020 пријави повеќе од 1.500 нови потврдени случаи со коронавирус. Ова е бројка која досега не беше забележана од 30 мај. Покрај новозаразените и бројот на жртви поврзани со вирусот се зголеми за најголемата бројка за три дена. 

Француските здравствени власти во соопштението јавуваат дека вкупно ново потврдените инфекции се зголемиле за 1.588, што е над двата просека: 498 забележани во последните седум дена и просекот од 430 од почетокот на Jуни. Бројот на луѓе кои починале од болеста се зголемил за 26 на 29.778, споредено со 21 во четврток и 11 во среда, и во просек 19 во последните седум дена. 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.