ФРАНЦИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ОЛАБАВУВАЊЕ, ПАРИЗ ЌЕ ОСТАНЕ СО РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ

Tags: COVID-19FranceParis
By мај 16, 2020 Other

Рестриктивните мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, ќе останат на сила во Париз, дури и по олеснувањето на мерките во останатите делови  од Франција,  нагласува францускиот премиер.

 

Едуард Филип изјавил дека земјата е „преполовена“ во однос на стапката на инфекции. Ограничувањата ќе останат во главниот град, но и во северо-источните региони.

 

Франција се подготвува  за ослободување на мерките во понеделник, што ќе овозможи дел од продавниците и некои училишта, повторно да бидат отворени.

 

Земјата претрпе една од највисоките стапки на смртност  од „Ковид-19“ во Европа. Повеќе од 25.800 лица починале од оваа болест во болниците и домовите за згрижување, иако бројот на нови случаи, бележи пад во последните денови.

 

Ограничувањата поради коронавирусот воведени на 17 март, ќе бидат укинати во текот на следните недели,  најавил премиерот Филип на 07.05.2020.

 

„Тоа е добра вест за Франција и за францускиот народ“, нагласил тој .

 

Француската владата преставила карта  во која, областите во зависност од инфекцијата, се поделени на зелени и црвени области. Ограничувањата ќе бидат олеснети повеќе  кај зелените места, отколку кај црвените, за почеток.

 

Во првата фаза, основните училишта и повеќето бизниси, ќе добијат дозвола повторно  да се отворат и тоа во обете зони. Кафулињата, рестораните и средните училишта, ќе можат да се отворат во јуни во зелените зони.

 

Во Париз и четирите соседни региони – Иле де Франс, Хаут-де-Франција, Гранд Ест Бургон, Франш-Комте,  кои ја сочинуваат црвената зона, јавните паркови и градините, ќе останат затворени.

 

Извор: BBC.com

Share via
Copy link
Powered by Social Snap