Во очи на одбележувањето на 9 мај, Русија настојува да ја наметне својата позиција на моќ, употребувајќи ги алатките на Кремљ. Во таа насока интензивно го наметнува митот за спасување од апсолутното зло, кој пак треба да ги покрие темните поглавја од руската историја, особено деловите од времето на СССР кога последователни воени интервенциии се легитимираа како одбранбени и оправдани.

Годинава одбележувањето на 9 мај во Русија е откажано поради коронавирусот, но според изјавата на претседателот Путин само е одложено за подоцна, иако самата одлука е тешка за него.

Рускиот наратив кој се крие позади воената митологија е фокусиран кон три групи. Кон секоја од овие групи пристапот е различен.

Руската јавност

Првата група е руската јавност. Кон оваа група се фокурираат теми  низ кои се претставува руската успешност на меѓународно тло, во минатото и сегашноста. Целта на ваквиот наратив е да придонесе да се прикријат економските разлики меѓу Русија и светот, како и да се легитимира авторитарното владеење од многумина оценето како режим. Во таа насока, бидејќи победата од 1945 е единствениот историски настан кој  обединува повеќе општествени групи, тој се користи со цел да предизвика чувството на обединетост.

И покрај тоа што руските граѓани очекуваат властите да бидат фокусирани на социо-економските проблеми, наративот во кој силно се нагласува големата моќ, на крајот добива силна народна поддршка. Ова доаѓа до израз во моментите кога се пројавува стравот од  „вистинска“ или „голема“ војна.

Поранешните советски општества и елити

Втората целна група ја сочинуваат  поранешните советските елити и општества.

Русија го користи наративот за „братство по оружјето“ во насока на зајакнување на  заедницата на „рускиот свет“. Паралелно со ова, ги дискредитира противниците на руската хегемонија со тоа што ги изедначува со „фашистите“. Оваа цел ја користи за принудување на соседите во економска, политичка и воена интеграција со Русија. Но, мора да се забележи дека оваа формула не се покажува како најуспешна стратегија. Често знае да биде и контрапродуктивна. Во многу земји од поранешниот советскиот регион, војната против нацизмот е составен дел на колективните сеќавања од Втората светска војна, па во таа насока употребата на воени митови за легитимирање на големите  руски амбиции, генерално поттикнува растечки отпор. Ова особено е забележително кога станува збор за очигледната подготвеност на Москва да ја задржи својата сфера на влијание преку воени средства, па дури и преку друга „света“ или „дефанзивна“ војна, доколку е потребно. Таков пример е 2014 година: анексијата на Крим и рускиот вооружен напад врз Донбас. Ова ја откри суштината на руската стратегија,  по што се запалија алармите на лидерите од поранешните советски републики. Овие настани придонесоа за делумна ревизија на нивната меморија, настојувањето за зајакнување на антиимперијалистичи и антиколонијални аспекти. Секако, ова не се однесува само за очигледниот случај на Украина, туку и она што беше невидливо на прв поглед, случувањата со Белорусија, најлојалниот сојузник на Русија. Белоруските власти во последниве години бараат канали за дијалог и соработка со Западот од една страна, паралелно редуцирајќи ја својата меморија со поголем акцент на оние периоди во белоруската историја што го истакнуваат независниот тек на државата и националниот развој. Иако овие промени сè уште не се одразија на канонскиот советски наратив за „Големата патриотска војна“, длабоко вкоренет во колективниот менталитет на Белорусите, војната е претставена пред се’ во смисла  првенствено на национална трагедија, а не како триумф на армијата и државната моќ.

Западот односно Европа и САД

Третата целна група  е „Западот“, т.е. политичкиот естаблишмент и општествата на Европа и САД. Освен локалните групи на руската дијаспора, свето-месијанскиот наратив за победата на Советскиот Сојуз има маргинално влијание, бидејќи западните општества развија свои кохерентни наративи за Втората светска војна. Тие се помалку пристрасни од руските, заради слободата на историските истражувања и плуралистичките јавни дебати, кои се засноваат на теми кои фундаментално се разликуваат од руските лајтмотиви. Во таа насока тука се локалните херојско-патриотски митови,  но и признавањето на цивилното страдање од двете страни на фронтот. Покрај тоа, кај Западот  осудата на нацистичка Германија е често само еден аспект од осудата на сите тоталитаристички режими, вклучително и на Советскиот. Овој пристап се рефлектираше во резолуциите донесени од меѓународните организации, кои предизвикаа остри критики од Москва. Пример  е резолуцијата на Европскиот парламент за 2019 година, која го означи пактот Молотов – Рибентроп, како непосредна причина за избувнување на Втората светска војна и резолуцијата за 2009 година на парламентарното собрание на ОБСЕ за изедначување на злосторствата извршени од нацизмот и комунизмот.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.