Предупредување од итен карактер е издадено до лекарите низ Обединетото Кралство во врска со нова состојба поврзана со коронавирусот која се јавува кај децата.

Во предупредувањето се вели дека во последните три недели се забележува „очигледен пораст на бројот на деца од сите возрасти со мулти-системски воспалителни состојби кои бараат интензивна нега низ Лондон и во другите региони на Велика Британија“.

Предупредувањето издадено од Британското NHS, а  споделено од Друштвото на педијатри за интензивна нега, се  додава: „Постои голема загриженост дека воспалителниот синдром поврзан со Ковид-19 се појавува кај децата во Велика Британија, или дека можеби има друг, се уште неидентификуван, заразен патоген поврзан со овие случаи“.

До сега не е познато кај колку деца се јавиле компликации, но сепак се смета дека  засега бројот не е голем, од причина што ваквата компликација до сега не е толку честа кај децата.

Болеста е забележана кај деца кои биле позитивни на коронавирусот, како и кај оние кои не биле заразени од вирусот.

Од лекарите е побарано итно да издадат упат за специјалист на пациентите што покажуваат вакви симптоми.

Премиерот Борис Џонсон изјави дека до сега земјата успешно се справува со коронавирусот, но ја предупреди јавноста дека се уште е премногу рано да се укинат ограничувањата. Од глобалната пандемија, во светот се заразени повеќе од три милиони луѓе, вклучувајќи најмалку 152.840 луѓе во Велика Британија

Извор: Independent.co

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.