КРИВОЛАК ПОВТОРНО ТЕМА ЗА МАНИПУЛАЦИЈА И ШИРЕЊЕ СТРАВ

Tags: COVID-19KrivolakNATOShekerinska
By декември 28, 2020 мај 5th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#211

Дата:

20.12.2020

Извор:

freeglobe.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален насловКРИВОЛАК ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА КОВИД-19

На 20 -ти декември 2020, порталот Слободен Свет објави текст со наслов КРИВОЛАК ПРОДОЛЖЕНА РАКА НА КОВИД-19. Во содржината на текстот се осврнува на изјава на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за локалитетот Криволак за тоа дека ќе стане најголемото и најдоброто нешто, од каде ќе се изведуваат вежбите на НАТО, па наводно после работата на багерите според авторот на текстот (кој не е потпишан) “после изработката и преработката на теренот ќе дојдат тие, што треба да дојдат со нивните војници, со орудија секакви, со издувни и распрскувачки воздушни бранови раширени низ цела Македонија, а и по широко на „балканите“ и т.н. нешто како осиромашениот ураним, што знаеме за неговите последици, или ќе не послужат уште со некои нови специјалитети”.  Следствено на својот изведен заклучок за армискиот полигон Криволак, го креирал и насловот дека наводно  Криволак е продолжена рака на КОВИД-19.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Авторот на текстот креирал клик бејт наслов на текст во кој изнесува стари дезинформации за осиромашен ураниум на Криволак,  кои беа “актуелни” уште  во 2018 и 2019 во процесот на евро-атлантските интеграции на нашата земја.

Ф2Н2 го мониторираше овој наратив во тој период и објави своја анализа, со цел јавноста да ја  знае вистината. Во истата, тврдењата од социјалните медиуми и порталите е  демантирана од страна на Министерството за одбрана „Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум”.

Она што во изминатиот месец се случуваше на Армискиот полигон Криволак е тоа дека доби нов пат во должина од 33 километри со кој се отвора нов пристап од стрелиштето Пенуш кај Штип, а истовремено се обнови и патната инфраструктура во самиот полигон во должина од 15 километри. Министерката за одбрана информираше за сработеното и за идните планови за овој капацитет за кој рече дека е „дополнителен ресурс во колективната одбрана и безбедност на Алијансата“ и „наша лична карта во НАТО“.

Во однос на значењето на инфраструктурните зафати на полигонот за Алијансата, министерката Шеќеринска посочи дека „со оваа инвестиција, со оваа обновена и нова инфраструктура, следната година кога ќе се организира уште една голема вежба во соработка со Армијата на САД и неколку други армии во соседството, ќе имаме шанса да им покажеме колку сме го подобриле овој полигон за само една година и тоа ќе го зголеми интересот за заедничка работа на ’Криволак’“.

Шеќеринска најави финансиска поддршка од американската армија за еден дел од проектот и дека во првата половина од следната година очекуваме американски инженерци да се приклучат на нашите инженерци во активностите за инфраструктурен развој на полигонот.

Објавениот текст од непознат автор, на анонимниот портал Слободен Свет е пример,  како постигнат напредок или успех на (во случајот Министерството за одбрана) Република Северна Македонија, како членка на НАТО Алијансата се користи да се манипулира јавноста со стари веќе познати дезинформации, се со цел да се поттикне страв и паника. Посебно во овој период на пандемија, дезнформативниот анти-НАТО наратив авторот го поврзува  со вирусот КОВИД-19, со што полесно се влијае врз публиката и се засилува веќе постоечкото чувство на страв што го предизвика вирусот.

Leave a Reply

Share via
Copy link
Powered by Social Snap