ЊУЈОРК (Ројтерс) – Њујорк ќе ја започне втората фаза од повторното отворање во понеделник, најавил во четвртокот 18.06.2020, градоначалникот Бил де Бласио, повикувајќи се на континуирани подобрувања од податоците за коронавирусот.

Канцелариите, продавниците за малопродажба, консумирањето храна на отворено, како и фризерските салони се меѓу деловните субјекти на кои им е дозволено да ги отворат своите врати за време на втората фаза.

„Видовме постојан напредок и време е да им кажеме, да, на сите подготвени за втората фаза“, изјавил Де Бласио на конференцијата за новинари.

Тој во четвртокот потпишал извршна наредба за започнување на иницијативата „Отворени ресторани“ што ќе им овозможи на рестораните, кафулињата и баровите кои служат храна, да аплицираат за да користат одредени простори како подвижни локации за консумирање храна на отворено.

 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.