БУЕНОС АИРЕС (Ројтерс) – Аргентина до септември ја забрани продажбата на билети за комерцијалните летови, како дел од мерките за спречување на коронавирусот.

Аргентинската влада донела уредба со која се забранува продажба и купување на билети за комерцијални летови до или од Аргентина.

Во Аргентина како дел од владините мерки, границите се затворени од 20 март. Минатиот викенд владата ги продолжи карантинските мерки до 10 мај, укажувајќи дека оваа мерка се покажала како успешна во забавување на ширењето на коронавирусот.  Аргентина досега има 3.892 потврдени случаи на коронавирус и  192 смртни случаи.

Извор: Reuters.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.