Рускиот премиер Михаил Мишустин соопштил дека  е позитивен на коронавирусот.

Информацијата за неговиот позитивен тест се поклопи со податокот кој открива дека Русија забележа рекордни нови 7.099 случаи, со што бројката на заразени се искачи над 100.000. 

Михаил Мишустин стана премиер на Русија во јануари годинава. Тој е мошне активно вклучен во справувањето со епидемијата од КОВИД-19 во Русија. Премиерот Мишустин најавил дека ќе се изолира, а негова замена ќе биде вицепремиерот Андреј Белошов.

Рускиот претседател Путин во вторникот 28.04.2020 го продолжи државниот „неработен“ месец до 11 мај, предупредувајќи дека Русија допрва треба да го забележи пикот на коронавирус.

И покрај големиот број на заболени, Русија информира дека бројот на починати од коронавирусот е 1.073, што е релативно мал број за земја со големина на Русија. Официјално, руските власти сметаат дека брзата реакција на справување со КОВИД-19 во Русија ќе овозможи да се избегне „италијанското сценарио“.

 

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.