Дезинформација бр:

Дата:

Извор:

Време на читање:

мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: СЗО контра Филипче: Не треба да биде задолжителна вакцинацијатаПорталот прави клик-бејт наслов со припишување на наводен став за задолжителна вакцинација на министерот Филипче, кој ниту е спомнат во текстот на статијата, ниту пак искажал таков став.На 7 декември 2020, порталот Инфомакс објави текст со наслов СЗО контра Филипче: Не треба да биде задолжителна вакцинацијата. Во содржината на текстот се вели дека СЗО објавила дека вакцинацијата против КОВИД-19 не треба да биде задолжителна, освен во специфични околности. Според Кејт О’Брајан, директорка за имунизација и вакцини во СЗО, вакцинирањето не треба да биде задолжително, но може да има „одредени ситуации во коишто вакцинирањето би било потребно или многу препорачливо“, наведувајќи ги притоа болниците. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, ги повикал земјите кои планираат да започнат со вакцинација во текот на следните седмици и месеци првенствено да ги вакцинираат оние на кои тоа им е најпотребно (здравствените работници коишто се силно изложени на опасноста од зараза, и најизложените лица кои боледуваат од тешки заболувања или се во поодмината возраст), бидејќи во почетокот количествата од вакцините ќе бидат ограничени. Додека пак според Мајкл Рајан,  директор за итни ситуации во СЗО, потребно е подобро да се објаснат предностите на вакцините, наместо да се воведува задолжителна вакцинација.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Авторот на текстот креирал клик-бејт наслов насочен против министерот за здравство, Венко Филипче, иако во содржината на текстот министерот не е спомнат во никаков контекст. Целта на насловот е да го дискредитира министерот Филипче во однос на препораките на СЗО за незадолжителна вакцинација.Јавноста треба да знае дека ниту СЗО е контра министерот Филипче, ниту пак министерот Филипче е контра СЗО. Имено, на 4-ти декември министерот изјави дека вакцината против КОВД-19 нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за граѓаните. При вакцинирањето предност ќе имаат здравствените работници кои се директно поврзани со лекување пациенти со КОВИД-19 и оние кои земаат брисеви, како  и луѓето над 65 години, хронично болните, односно лицата со респираторни, малигни и кардиоваскуларни заболувања и вработени во транспортот.Дополнително, сите мерки кои што државата ги презема произлегуваат од глобалните напори за спречување на вирусот кои ги води СЗО, така што во никој случај стратегијата за борба против КОВИД-19 во нашата држава не може да биде контра препораките на СЗО.Ова е пример како со клик-бејт наслов се манипулира јавноста за вакцинирањето против КОВИД-19. Дезинформациите може само штетно да влијаат на процесот на имунизација на населението, кој ќе биде клучен во следниот период за борбата против вирусот.
logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.