Пекинг (Ројтерс) – СЗО минатата недела предупреди дека секое укинување на рестриктивните мерки кои имаат за цел да се запре ширењето на Коронавирусот мора да биде постепено, а доколку тоа се планира да се стори наскоро, ќе има нов бран на ширење на заразата. Рестриктивните мерки се покажаа како ефикасни, и граѓаните мора да се навикнат на новиот начин на живот и да дозволат општествата да функционираат додека коронавирусот е контролиран, изјави Такеши Касаи, Регионалниот ДИректор на СЗО за Западен Пацифик.

Ние мора да ги прилагодиме нашите животи и здравствените системи на оваа епидемија, изјави Касаи на онлајн конференцијата за медиуми. “Барем додека не се најде вакцина, или некој многу ефикасен третман, овој начин на живот ќе мора биде нашата нова нормала. “Владите кои разгледуваат намалување на рестрикциите мора тоа да го сторат внимателно и на етпаи, продолжувајќи да ја мониторираат состојбата со пандемија, изјави тој.

Се додека коронавирусот циркулира, ниту една држава не е безбедна од потенцијално повторно избивање на заразата, додаде тој. Додека западниот Пацифик во последните неколку недели е многу помалку погоден од епидемијата во споредба со САД и Европа, имаме зголемување на бројот на заразени во Јапонија и Сингапур. Касаи предупреди дека пандемијата не смее да ги прекине или загрози другите програми за имунизација/вакцинација на населението против другите болести како што се полио, сипаници и рубела. Во спротивно, Западниот Пацифик може да се соочи со нови зарази и тоа токму во време кога здравствените системи се веќе сериозно оптеретени, заклучи Касаи. 

Извор: Reuters

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.