Владата соопшти дека „ја отвора вратата“ за враќање на професионалниот фудбал во Англија во јуни.

Секретарот за култура Оливер Дауден по состанокот на 14.05.2020 со Фудбалската асоцијација, Премиер Лигата и Англиската фудбалска лига, изјавил дека имаат „прогресивни планови“.  Тој додал дека плановите за продолжување на спортот треба „да вклучат проширување на пристапот на навивачите за гледање во живо“.

Во меѓувреме, заменик-главниот медицински директор на Англија изјавил дека секое враќање ќе биде „бавно“ и „мерено“.

Клубовите во Премиер Лигата во понеделникот  разговарале за „Рестартирање на проектот“. Тие се надеваат на враќање во акција од 12 јуни, со натпревари кои ќе се играат зад затворени врати.

Следниот состанок на клубовите во Премиер Лигата ќе се одржи во понеделник, кога  топ играчите ќе можат да се вратат на почетната групна обука, според протоколите за социјално дистанцирање.

 

Извор: BBC.com

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.