Македонската јавност повторно е шокирана од порталот Доказ.мк познат по сексизмот и мизогинијатаво кои со сензационалистички наслови, се обидува непримерно сексуално да ги дискредитира жените. Написите на порталот се полни со евидентни стереотипи и дискриминаторски наративи кои се однесуваат на женскиот род. Доказ.мк редовно објавува содржини во кои ги сексуализира, исмејува и/или навредува жените од јавната сфера по родова основa, а новинарката Мирослава Бурнс е една од низата жртви на овој „портал“, која откако побара извинување и јавно повлекување на текст на Доказ.мк, во кој се изнесени низа клевети и навреди, како одговор доби нов текст со уште толку проблематична содржина.

Ова е спротивно на принципите за новинарско известување. Новинарите и медиумите не смеат да пренесуваат непроверени информации, со кои ги загрозуваат човековите права или слободи. Ваквите написи преставуваат родова дискриминација, ширење мизогинија и сексизам.

Тимот на F2N2 регистрирашенеколку написи со непрофесионални, навредливи и дискриминирачки написи за новинарката Мирослава Бурнс на интернет порталот Доказ.мк, објавени на:18.05.2020 и 19.05.2020

Овие текстови се напишани во трачарски стил, и се гледа дека имаат за цел само оцрнување на личноста на новинарката Бурнс, а не да укажат на некаква злоупотреба која што евентуално ја направила. Секој текст поединечно е поскандалозен од другиот и се гледа дека се напишани во низа, како одговор или одмазда за нешто.

Покрај колегите на Бурнс, реагираа и други активисти низ социјалните медиуми, кои очигледно се згрозени од текстовите и ги повикуваат надлежните органи да реагираат.

Самостојниот Синдикат на Новинари и Медиумски работници (ССНМјавно ги осуди навредите и клеветите упатени кон нивната колешка Мирослава Бурнс. Во нивното соопштение е наведено следново:

„Било какви клевети и навреди од овој тип се неприфатливи, а особено се неприфатливи во јавната дебата, односно кога се појавуваат како реакција на еден професионално изработен и реализиран текст на нашата колешка . Сметаме дека треба да се стави крај на времето кога на факти и аргументи се одговора со лични дисквалификации, а во случајов тоа е кренато на ниво, не на „уличарски“ јазик, туку на монструозни конструкции кои ни оддалеку не се во допир со текстот на кој се реагира.“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на својата Фејсбук страница исто така го осудија говорот на омраза, наведувајќи го следново:

„Навредите на лична основа, сексистичкиот говор и говорот кој има елементи на омаловажување кон новинарите се неприфатливи. Целосна поддршка за колешката Miroslava Byrns и се придружуваме кон осудата на ССНМ.“

Сведоци сме дека одредени медиуми ги зајакнуваат родовите стереотипи, притоа директно доведувајќи до сексизам и дискриминација. Бесрамната мизогинија може да се забележи во коментарите на одредени изведувачи и медиумски коментатори и при прикажувањето на жените на телевизија, во филмовите, музиката и другите медиуми.

Тимот на F2N2, остро ги осудува овие текстови кои се под сите стандарди и потсетува дека новинарите и медиумите не треба да пренесуваат непроверени информации, со кои ги загрозуваат човековите права или слободи. Ваквите написи преставуваат родова дискриминација, ширење мизогинија, говор на омраза и сексизам.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.