Академските титули и награди се важни, но говорењето без факти и докази, туку врз база на сопствено убедување како што вели соговорникот не може да се смета за релевантно. Сепак, за ова прашање треба да се консултираат официјалните извори и компетентните лица.

Поврзувањето на коронавирусот со 5Г технологијата продолжува да се “шири“ и покрај бројните аргументи дека двете работи се сосема различни и немаат никаква поврзаност и дека се работи само за мит.

Последната од низата на таквите претензии може да се види и во интервјуто реализирано од страна на Vecer.press.mk со Горан Марјановиќ, српски научник и инженер.

Марјановиќ во интервјуто признава дека голем број тестови на голем број реномирани експерти и институции велат дека мрежата 5Г нема никакво влијание врз вирусот Ковид-19, сепак тој верува некаква врска е можна. Тоа го аргументира врз база на својата логика.

“И покрај тоа што немам соодветно ниво на познавање од биологија, јас на основа на логиката која ја изградив, занимавајќи се со теориска физика повеќе од 40 години и со повеќегодишни мерења и анализи на различни енергетски феномени, имам впечаток дека одредена интерактивност, сепак, е можна. Причината е едноставна. Симптомите кои се јавуваат заедно со субјективните чувства на човекот изложен на микробраново зрачење со 5G и на човек заразен со Ковид-19 се многу слични. Овој факт остава можност за толкување на влијание на едното врз другиот… Изјавите дека вирусот не е од природно потекло, исто така, раѓа нови дилеми“, вели Марјановиќ.

 

Сепак како што кажавме во многу наврати, потврдено e дека поврзувањето на коронавирусот со технологијата 5Г не посои, и дека не постојат ризици од користењето на 5Г мрежата.

Светската Здраствена Организација има истакнато дека до ден денес не е пронајден ниту едно штетен ефект по здравјето кој би бил предизвикан од изложеност на безжични технологии.

Исто така и Европската Комисија има демантирано дека има поврзаност помеѓу пандемијата на Ковид-19 со 5Г технологијата. Потпаролот на Европската Комисија, Јоханес Барке, изјави дека “не постои никаква географска или друга поврзаност помеѓу распоредувањето на 5Г мрежата и појавувањето на коронавирусот“.

Што се однесува до самата 5Г мрежа и евентуалните здравствени ризици поврзани, на пример, со зрачењето, портпаролот има изјавено дека изложеноста е “секогаш педесет пати помала од она што научните докази велат дека треба да биде за да им последици врз здравјето. Заштитата на здравјето е највисокиот приоритет на Европската унија, а ова ја вклучува и 5Г мрежата, изјави Јоханес Барке.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Сашо Димитријоски, во интервју за МИА тврди дека актуелната 4G мрежа има поголемо нејонизирачко зрачење од таа која што допрва ќе се поставува, 5G. Според него, и 4G мрежата не е штетна, но напредната 5G технологија и на максимална енергија има далеку помалку нејонизирачко зрачење.

 

Академските титули и награди се важни, но говорењето без факти и докази, туку врз база на сопствено убедување како што вели соговорникот неможе да се смета за релевантно. Сепак, за ова прашање треба да се консултираат официјалните извори и компетентните лица. Ф2Н2 во повеќе наврати пишуваше за феноменот со наводната “опасност“ од 5Г технологијата. Објаснувајќи ги Митовите за 5Гкои се безбедносните придобивки од 5Гнемањето никаква поврзаност помеѓу 5Г и коронавирусот па се до информациите од надлежните во државата кои резигнирано тврдат дека 5Г е исто па дури и помалку опасно од моменталната 4Г технологија.

 

Читајте текст а не само наслов, проверете пред да споделите.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.