ПОМПЕО ВО ВРСКА СО 5
G:
САД ќе продолжат да даваат сѐ од себе за да ги задржат своите „критични податоци и мрежи за комуникација безбедни и настрана од комунистичката партија на Кина“ Вашингтон, 29.04.2020 (Стејт Департмент): Државниот секретар, Мајк Помпео, на прес-конференција за медиуми истакна дека владата на Соединетите Американски Држави „во голема мера ги спроведува одредбите од АКТОТ ЗА НАЦИОНАЛНА ОДБРАНА НА САД (НДАА) од 2019 година”, кои се однесуваат на обезбедување на чиста патека за 5Г. Во овој поглед, тој истакна дека „сообраќајот на мобилни податоци што влегува во американски дипломатски системи ќе подлежи на нови, построги барања ако истите поминуваат преку опрема на Huawei.” Главната цел е „недоверливите ИТ компании нема да имаат пристап до системите на Стејт департментот во САД.” САД ќе продолжат да даваат сѐ од себе за да ги задржат своите „критични податоци и мрежи за комуникација безбедни и настрана од комунистичката партија на Кина“ додаде тој.Линкот од прес конференцијата можете да го најдете
овде
. Извор:
U.S. Department of State
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО