Тоа попладне на 30 април 1945 година, додека Црвената армија јуриша на центарот на Берлин, Адолф Хитлер за себе гледа само еден можен излез. Не сака да им падне жив в раце и така да поднесе одговорност за својата злосторничка мегаломанија. Нацистичкиот диктатор и Ева Браун, со која штотуку се венчал, извршуваат самоубиство во „фиреровиот бункер“, 12 метри под земја. Последните следбеници ги палат нивните тела и ги погребуваат остатоците кај излезот во бункерот. Брутални промени во светот.Но, крајот на Хитлеровата „илјадагодишна империја“ е запечатен дури на 8 мај. Тој ден генералите на Вермахтот потпишуваат безусловна капитулација на Германија. Со тоа е ставен крај на Втората светска војна во Европа, која започна на 1 септември 1939 година со инвазијата на Германија врз Полска. Војната во Азија траеше уште неколку месеци, до капитулацијата на Јапонија на 2 септември 1945. Се проценува дека во текот на војната загинале повеќе од 60 милиони луѓе. Лицето на светот беше деформирано на најбрутален можен начин. Целата статија може да ја прочитате тука. Извор: Дојче Веле
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО