Порталот Инфомакс објави текст во кој што тврди дека Владата сеуште не го затворила аеродромот во Скопје бидејќи заборавила да ја објави одлуката донесена на вчерашната седница (одржана на 16.03.2020) во Службен Весник. Се вели дека аеродромот е сеуште отворен, а ќе имало патници до утре вечер (18.03.2020).imageСамо еден збор, напишан во погрешен контекст во овој текст е вистинит. А тоа е дека аеродромот ќе работи до утре вечер (18.03.2020), до полноќ, кога ќе се навршуваат 48 часа предвидени според сите меѓународни протоколи за најава за затворање на аеродромите. Ова министерот  Венко Филипче го најави вчера во 21 часот, а одлуката беше објавена во Службен весник.imageСпоред сите овие факти може да заклучиме дека Владата донела одлука на 16.03.2020 и истиот ден одлуката ја објавила во Службен весник, со што се демантира дезинформација објавена следниот ден на порталот Инфомакс.Веќе и од аеродромот ТАВ во Скопје постави информација дека аеродромот ќе работи до утре (18.03.2020) на полноќ.imageСеверна Македонија не е исклучок со ваквото постапување. Веќе има примери на меѓународно ниво за затворање на аеродромите по претходна најава од 48 часа. Соединетите Американски Држави, Германија, Канада (само еден од вкупно 4 аеродроми е отворен), Норвешка, Данска, Полска, Украина се само дел од земјите што ги следеа меѓународните протоколи кои што се однесуваат за најавата од 48 часа за затворање на аеродром.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.