На 20 Јуни во Скопје во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ се одржа конференцијата “Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите во Република Северна Македонија“. Конференцијата беше отворена од страна на Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп и Извршниот директор на Метаморфозис Бардиљ Јашари. Г-ца Алексоска говореше на сесијата “Решенија и идни чекори - Препораки за заедничко делување“. На оваа сесија, исто така, говорници беа и Светлана Силјановска од Кабинетот на Претседателот на Владата на РСМ, Елида Зулбеари - Раковидител на проект во фондацијата Метаморфозис и Петра Балажич од Центарот за Европски Перспективи од Словенија. Програмскиот менаџер на FN Росана Алексоска даде осврт на начините на кои влијае Русија и нејзината пропаганда со осврт на целите кои ваквите дезинформации и пропаганда ги имаат.

Целта е да се креираат дисторзии, целта е да се креираат поделби, целта е да се подрие довербата во институциите, во медиумите, во граѓанските организации во нашите сојузници, меѓутоа другата многу битна цел е да се преплави информацискиот простор со толку многу различни податоци да луѓето во еден момент останат збунети и едноставно не знаат во што да веруваат.

Росана Алексоска - FN

Исто така, Алексоска говореше и за пренесувањето на руските официјални лица, при што го потенцираше фактот дека пораките кои тие ги испраќаат секогаш имаат за цел да дезинформираат и дека хиперинфлацијата од наслови кои ги пренесуваат Лавров, Захарова или Медведев прават дисторзија во онлајн просторот и дополнително предизвикуваат збунетост кај граѓаните.

Ако руските официјални лица лажат и немам проблем тоа да го кажам јасно и гласно, тогаш треба да најдеме механизам и модел и да им кажеме на нашите граѓани дека лажат. Бидејќи, не можеме да кажеме и да се криеме позади објективност и присрастност преку давање простор на двете страни кога Русија е таа која што изврши неиспровоцирана агресија врши секојдневно терор врз граѓани, жени и недолжни цивили и едноставно мора да најдеме начин да се прилагодиме на новонастанатиот општествен контекст.

Росана Алексоска - FN

Настанот беше организиран во соработка со Претседателскиот центар за Политичко образование а се одржа во хотелот Лимак во Скопје.

Author Image

Content admin

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.