ДЕТАЛИ
Датум
June 2nd, 2022
Тип
Информација
Во организација на Метаморфозис на 01.06.2022 во Скопје се одржа конференција на тема „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“. Проектниот менаџер на FN Росана Алексоска беше еден од говорниците на првата работна сесија на која се презентираа резултати од истражувањата и работата на СЕММ, Преспа Институт, Метаморфозис и Борба со лажни вести и наративи FN. Во своето излагање Алексоска најпрво ги образложи механизмите на влијание преку дезинформации при што се задржа на Дезинформативните наративи и неопходноста дезинформациите да се следат и анализираат од временски апсект како и која е целта која таквите дезинформативни наративи треба да ја постигнат.
Она што ние го работиме, односно нашиот фокус е на дезинформативниот наратив. Него може да го дефинираме како една низа од неточни или делумно точни статии или информации коишто после одреден временски период формираат една хронолошка целина. Поради тоа, наша препорака е дезинформациите да не се гледаат и анализираат поединечно, туку секогаш треба да се запрашаме што е крајната цел и оваа дезинформација од кој наратив е дел. - Алексоска
Дополнително Алексоска се осврна и на концептите кои придонесуваат кон креирање на погрешен социјален контекст односно погрешните перцепции, концепции и убедувања кај граѓаните, подвлекувајќи дека истите се солидна основа за Руското влијание во Северна Македонија. Во рамките на своето излагање Алексоска ги разграничи и причините поради кои општеството е подложно на Руско влијание.
Ова значи дека кога зборуваме за дезинформациите односно во моето излагање, не зборувам само за дезинформациите коишто произлегуваат само од медиумите и социјалните мрежи, туку говорам за социјалниот контекст во целина. Втората причина поради која што имаме погрешни перцепции, погрешни верувања, погрешни концепции се информациските дисторзии. - Алексоска
Алексоска додаде и дека
Работите не се едноставни, туку се многу комплексни и кога зборуваме за влијание и за борба со дезинформации, треба да го земеме предвид социјалниот контекст и треба да ја земеме предвид временската рамка, бидејќи колку се послини овие трите: погрешни верувања, погрешни перцепции, погрешни концепции, толку е поголемо влијанието на дезинформациите, но и обратно, колку повеќе дезинформации и колку повеќе е преплавен информацискиот простор со дезинформации, толку ги зацврстуваме тие погрешни верувања.
На крајот Алексоска истакна дека одбраната на Евро-Атлантските вредности и процеси во Северна Македонија треба да се одвива со јасна изразена политичка волја, стратешки и искрено.
Ова циклично движење мора да се прекине, односно таа спирала мора да се прекине, за што е потребно еден посеопфатен простор, најпрво силна политичка желба од сите политички партии и креатори на политики, и јасна артикулација од сите чинители за тоа кој е агресор и кој брутално лаже, и поткревање на јавната свест за демократските вредности и принципи, доследна и континуирана одбрана на нашите евро-атлантски акции и аспирации за коишто, како што кажаа сите, нашите граѓани даваат најголема поддршка. Со други зборови, она што сакав да го кажам денес е дека можеби треба да почнеме да ги адресираме корените на проблемот, а не само да ги третираме последиците. - истакна на крајот Алексоска
ДЕТАЛИ
Датум
June 2nd, 2022
Тип
Информација
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО