Кога најчесто се објавувани разговорите? Каков бил политичкиот контекст пред или по објавувањето? Која била целта на руските “комичари“? Тимот на F
2N
2 спроведе истажување кое има за цел да анализира какво е влијанието на акциите превземени од страна на Лексус и Вован според два клучни параметри. Првиот е временскиот термин во кој што се објавува пранкот, а вториот е политичкиот контекст кој бил актуелен во истиот тој временски термин. Анализата од ова истражување ги покажува причинско последичните релации од горенаведените критериуми. Исто така анализата покажува и одредени трендови со оглед на тоа дека поврзаноста помеѓу двата критериуми се докажува со факти.Речиси сите разговори на пранкстерите со високи светски политичари обично доаѓаат во време кога жртвата или државата која што ја претставува се дел од сензитивни политички процеси во меѓународната политика. Сите овие акции имаат за цел да внесат раздор помеѓу државите кои што се предмет на нивните интереси односно прашања, и се далеку од шега макар и несолена како што самите ја нарекуваат. Како што се гледа од овие примери, пранктерите третираат теми како санкциите кон Русија, санкциите кон Иран, членството на Црна Гора во НАТО, референдумот за независност на Каталонија и слично. Нивниот пристап е воглавно обид да се обезбедат важни информации од прва рака, а потоа и објавување на материјалите за дискредитација на жртвите. Сите овие акции имаат за цел да внесат раздор помеѓу државите кои што се предмет на нивните интереси односно прашања, и се далеку од шега макар и несолена како што самите ја нарекуваат.Или како што
веќе напишавме “
Пранкот е пакост, обид некому да се напакости, значи намерно, планирано, подготвувано да се наштети некому. И најчесто (во современ контекст) пранкирањето е јавно, со цел да се наруши јавниот углед на пракираниот, да се прикаже пред јавноста како некој што е лековерен или барем не е поумен од пракстерите што го надмудруваат (неуспешните обиди секако не добицааат публицитет)”.
Цел: Емануел Макрон, Претседател на ФранцијаРуските пранкстери, претставувајќи се како новоизбраниот украински претседател Владимир Зеленски, во телефонски разговор го измамија и францускиот претседател Емануел Макрон. Разговорот е објавен 9 дена по големиот пожар во Нотр Дам кој целиот свет го следеше во живо.
Во 15 минутниот разговор руските пранкстери, познати во светот по тоа што лажно се претставуваат во телефонски разговори со славни личности и политичари, најчесто се претставуваат како новиот украински претседател Зеленски, како што беше и случајот со Макрон. Во телефонскиот разговор, на францускиот претседател, имитаторот на Зеленски му вели дека неговата победа со огромни 73 проценти од гласовите се должи на тоа што и рускиот претседател Владимир Путин победил со освоен огромен процент од гласовите на изборите.Во телефонскиот разговор, францускиот претседател сепак му вели на лажниот Зеленски дека тој не е како Путин бидејќи „се уште ги нема ставено сите свои противници во затвор“.
Оваа вест од кабинетот на Макрон ниту ја потврдуваат, ниту ја отфрлаат како неточна.Очигледна е намерата на рускиот тандем пранкстери, со лажните претставувања во телефонските разговори да ги наговорат политичарите на разговор во кој би се кажале работи кои откако ќе бидат јавно објавени би можеле да ги нарушат односите меѓу тие две земји. Воопшто не се работи само за несолена шега со инволвирани личности од висок калибар, туку и за пресметана акција која може да доведе до влошување на билатерални односи помеѓу две земји.Пранк кој што се случува веднаш по официјализирањето на резултатите од претседателските избори на 21 април 2019 во Украина. Тие се обидуваат да го наведат на констатации кои што ќе му наштетат на Петро Порошенко, добро познат противник на Кремљ. Петро Порошенко од страна на “комичарите” е претставен како криминалец и алкохоличар. Дополнително, се препознава обид за наведување на Макрон да говори на тема “Русија како најголема закана за стабилноста во Европа и пошироко”.
Разговорот е објавен 9 дена по големиот пожар во Нотр Дам кој целиот свет го следеше во живо, настан кој несомнено влијаеше врз довербата во француските институции, како и во Претседателот на Републиката. Цел: Жан Клод Јункер - Претседател на Европската Комисија, Федерика Могерини – Висока претставничка за надворешна политика на ЕУНа 19 јули минатата година руските пранкстери како жртва на измама го имаат тогашниот шеф на Европската комисија Жан Клод Јункер и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
Во разговорите, едниот во траење од 10 минути, другиот 12 минути, објавени од Еуроњуз, руските измамници се претставуваат како новиот премиер на Ерменија Никола Пашинијан, кој победи на изборите што се одржаа во мај истатата година.Во разговорот со Јункер, кој најверојатно се случил на 9 Мај 2018 година, зборуваат за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од договорот за нуклеарно оружје со Иран.
Во разговорот, Јункер наводно вели дека „ЕУ се многу загрижени од овој потег, како и тој лично, бидејќи се работи за голема грешка од американска страна“.На тврдењата на лажниот ерменски премиер дека Ерменија се наоѓа под голем притисок од САД, Јункер вели: „Мора одново и одново да му го објаснуваме светот на г-н Трамп бидејќи тој не сфаќа за што се работи. Но ќе му објасниме во каква ситуација е Ерменија“.Јункер исто така во разговорот вели дека тој е личен пријател со рускиот претседател Владимир Путин. А, кога лажниот Пашинјан му вели дека „тимот Кардашијан“ сака да работи во министерството за надворешни работи, тој одговара „да, да, тоа е добро“.Во разговорот со Могерини на таа тема, таа им вели дека „разбира дека Ерменија се наоѓа во тешко и комплексно опкружување, но дека може да смета на ЕУ како на пријател кој ќе помогне во намалување на тензиите и притисоците со цел да се изнајдат начини на соработка.
Разговорот е објавен неколку денови пред официјалната посета на Јункер на Вашингтон. Во овие разговори јасна е намерата на руските пранкстери да ги наведат соговорниците на разговор во кој би го нападнале американскиот претсдател Трамп, а со тоа би нанеле и штета на односите меѓу највисоките органи на ЕУ и американската администрација.
Дополнително, го наведуваат соговорникот отворено да говори за нуклеарниот договор и последиците од повлекувањето на САД од истиот.Цел: Реџеп Таип Ердоган, Претседател на Р. ТурцијаПретставувајќи се како украинскиот претседател Порошенко, и премиерот Јатсенук, руските прансктери во февруари 2016 година го измамиле во телефонски разговор и турскиот претседател Таип Ердоган.
Во аудио документот, турскиот претседател преку преведувач, зборува со лажниот Порошенко.Вели дека „со задоволство би учествувал во економската, па дури и морнаричка блокада на Крим и би се придружил на друштвото земји кои трпат последици од руските санкции“. Двете страни даваат поддршка на кримското татарско тело кое се противи на припојувањето на Крим кон Русија.
Во разговорот, Ердоган понатаму вели дека тој „никогаш, никогаш нема да се извини на рускиот претседател Путин за соборувањето на рускиот авион СУ-24 на сириско-турската граница во ноември 2015 година“.Турција ги отфрли овие разговори како лажни. „Тешко се стигнува до турскиот претседател, ние имаме специфичен протокол, соопштил анонимен извор од турската влада кога бил прашан за овој разговор.
Разговорот е објавен во период помеѓу два терористички напади и тоа на 3 февруари во Газиентеп и на 17 февруари во Анкара. Темите на разговорот и начинот на кој се наведува дискусијата од руските пранкстери имаат за цел да ги нарушат руско-турските односи. Со други зборови, го наведуваат соговорникот отворено да говори против Путин и Руската надворешна политика како и конкретните чекори кои може да се очекуваат од страна на Турција. Цел: Ники Хејли – Амбасадорка на САД во Обединетите Нации, Максин Ватерс – Конгресменка, Џон Мекејн - СенаторДве американски политичарки се истотака мета на пранкстерите од Русија. Конгресменката Максин Ватерс беше измамена на почетокот на 2017-ма година, а пак амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли беше мета на пранкстерите кон крајот на истата година. Заедничкиот факт на овие два случаи е дека и двете се измамени за наводно руско влијание во две измислени територии, и дека двете се мета на „пранк“ во период во кој во американскиот Конгрес се дебатира за санкции кон Русија поради влијание врз изборите во САД.Конгресменката Максин Ватерс беше
мета на пранкстерите од Русија, Вован и Лексус на почетокот на 2017-ма година. Пратеничката Ватерс која што е позната по нејзиниот анти-Русија став, разговара на телефон мислејќи дека на другата линија е украинскиот премиер Владимир Гројсман.
Пранкстерите, односно едниот од нив којшто се претставува како Гројсман, бара од неа САД да интервенираат во измислена територија “Лимпопо” каде наводно руски хакери влијаат на изборите. Русите исто така поставиле измислен лик којшто го крстиле „Ајболит“ како Претседател на измислената Африканска територија.Ватерс им ветува интервенција на САД, но признава дека не знае точно колку тајни агенти имаат во таа измислена територија „Лимпопо“.Ватерс му вели на лажниот украински премиер дека ќе ги зголемат и санкциите кон Русија и е зачудена од информациите на пранкстерите дека државната војска на Путин веќе стигнала до западна Украина.Имајќи го предвид фактот што Ватерс била една од најгласните за да поминат санкциите кон Русија во Американсиот Конгрес, пранкстерите сакале да ја дискредитираат и да ја претстават како несериозна политичарка. Овој пранк служеше за да се создаде претстава дека сите настапи на Ватерс би требало да се земаат со резерва, и со тоа и го дискредитира нејзиниот глас во конгресот против Русија.
Разговорот е објавен непосредно пред да се случи гласањето на санкциите кон Русија во Конгресот на САД.Руските пранкстери направиле
слична измама и со амбасадорката на САД во Обединетите Нации, Ники Хејли. Се претставиле како полскиот премиер Матеус Моравиечки, и ја наговараат амбасадорката да зборува против Русија со наводно руско влијание на измислена држава.Еден од руските пранкстери во текот на 22 минутниот разговор и вели на амбасадорката дека Русија се меша во политичките прашања на измислениот остров во Јужна Кина со име „Биномо“, а пак амбасадорката убедена дека таков остров постои, му вели на „полскиот премиер“ дека САД ја следат ситуацијата со многу големо внимание и дека ќе и го покажат местото на Русија.
Исто како во претходниот случај, јасна е намерата на пранкстерите да ја претстават Русија како жртва или мета на американците, а пак САД како нејзин дежурен непријател за сите прашања.
Разговорот е објавен непосредно пред да се случи гласањето на санкциите кон Русија во Конгресот на САД.Уште еден американски политичар „падна“ на слична измама како Хејли и Ватерс. Сенаторот Џон Мекејн мислејќи дека
разговара со Владимир Гројсман, премиерот на Украина, отворено зборува за многу осетливи меѓународни прашања.И тој истотака беше испровоциран да зборува за планираните санкции на Америка кон Русија, и за ставот на претседателот Доналд Трамп по ова прашање. Мекејн беше мета на пранкерите бидејќи беше еден од политичарите кои што побараа истрага за можно влијание на руските хакери во изборите во САД.
И Мекејн како и Хејли и Ватерс беа повеќе мета на дискредитација, но и искористени како директни извори за добивање осетливи информации од прва рака, многу важни за меѓународната политика.
Разговорот е објавен непосредно пред да се случи гласањето на санкциите кон Русија во Конгресот на САД. Цел: Марија Долорес, Министер за одбрана на ШпанијаПо нејзината изјава за наводното мешање на Русија во Каталонската политика, шпанската министерка за одбрана Марија Долорес истотака
беше мета на пранк од руските “комичари”.
Во октомви 2017-та година, Каталонија објави независност од Шпанија и на чело на новата самопрогласена држава застана Чарлс Пуџдемон. Околу еден месец подоцна, руските пранкстери и се јавија на шпанската министерка претставувајќи се како латвиски министер за одбрана, убедувајќи ја дека Пуџдемон е руски шпиун со надимакот „Чиполино“, и за тоа постојат докази кои што лажниот министер ќе и ги достави на шпанската влада.
Разговорот е објавен неколку месеци после одржувањето на Референдумот за независност на Каталонија. За да го „зачинат“ разговорот, пранкстерите дури ја убедуваат министерката дека скоро сите руски туристи кои што одат во Барселона се руски тајни агенти, а пак министерката го убедува соговорникот дека ситуацијата во Каталонија им е под контрола. Но, иако пранкстерите ја испровоцираа, министерката не се впушта во детали или коментари за Русија или Владимир Путин.
Цел: Мило Ѓукановиќ, Претседател на Црна ГораИдентитетот на бившиот украински премиер Владимир Гројсман и на украинскиот преседател Петро Порошенко повторно се злоупотребени, сега
во разговор со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
Црна Гора стана членка на НАТО на 5-ти јуни 2017-та година а разговорите осамнаа по медиуми само неколку дена пред овој важен ден за балканската држава. Руските “комичари” го наведуваат Ѓукановиќ да зборува главно против Русија и за членството на Црна Гора во НАТО. Ѓукановиќ, како и во неговите јавни настапи, зборува за тоа дека определбата на неговата држава е за НАТО и ЕУ и дека нема да дозволи никакво влијание од Русија кое што може да го попречи овој пат.
Како потсетување, снимката е објавена непосредно по завршувањето на судењето (09.05.2019) за обид за државен удар (16.10.2016)во кој според пресудите биле вмешани и офицери на Руското разузнавање – ГРУ. Речиси сите разговори на пранкстерите со високи светски политичари обично доаѓаат во време кога жртвата или државата која што ја претставува се дел од сензитивни политички процеси во меѓународната политика. Сите овие акции имаат за цел да внесат раздор помеѓу државите кои што се предмет на нивните интереси односно прашања, и се далеку од шега макар и несолена како што самите ја нарекуваат. Како што се гледа од овие примери, пранктерите третираат теми како санкциите кон Русија, санкциите кон Иран, членството на Црна Гора во НАТО, референдумот за независност на Каталонија и слично. Нивниот пристап е воглавно обид да се обезбедат важни информации од прва рака, а потоа и објавување на материјалите за дискредитација на жртвите. Или како што веќе напишавме “Пранкот е пакост, обид некому да се напакости, значи намерно, планирано, подготвувано да се наштети некому. И најчесто (во современ контекст) пранкирањето е јавно, со цел да се наруши јавниот углед на пракираниот, да се прикаже пред јавноста како некој што е лековерен или барем не е поумен од пракстерите што го надмудруваат (неуспешните обиди секако не добицааат публицитет)”.