Оваа недела, фокусот на про-Кремљ медиумите кон САД, од ширење на дезинформации во врска со протестите се префрли на фабрикувани обвиненија за други американски злосторства ширум светот.Да направиме краток преглед на нападите со лажни вести против САД оваа недела. За протестите…Американското општество доживува „системски колапс“, кој трае веќе подолго време, но сега стана очигледен благодарение на демонстрациите. Испорака на тули кои се користат како „оружје за уништување“ се одвива низ градовите во САД. Протестите во САД ќе завршат исто како што завршија на Мајдан во Украина: корупција, нацизам и сепаратизам. На крајот на краиштата, ова не е само „шарена револуција“ од ист вид што САД го поддржаа низ целиот свет - туку овој пат е промовиран од Демократската партија, Бил Гејтс и Џорџ Сорос. Вашингтон конечно добива вкус на сопствениот лек - обид за промена на режимот за да се собори претседателот Трамп! За медиумите…Одлуката на Фејсбук да ги етикетира медиумите спонзорирани од државата пред претседателските избори во САД 2020 година, го привлече бесот на про - Кремљ медиумите. Одлуката беше донесена како „анахронистичка алатка за пропаганда“, проследена со обвинувања за цензура, и дека Фејсбук е под контролира на ЦИА. Иронично, во исто време, Радио Слобода и Гласот на Америка истотака се соочија со дезинформативни напади од про-Кремљ медиумите, нарекувајќи ги „патетични пропагандисти“ и дека немаат никаква врска со медиумите. За дестабилизација на Русија, нејзините соседи и Европа…Ова е веројатно омилениот наратив на про-Кремљ медиумите против САД: Вашингтон е агент на малигно влијание низ целиот свет, предизвикувајќи тензии меѓу Русија и соседите, ја окупира Европа, финансира протести во Хонг Конг со цел да ја дестабилизира Кина, и така натаму. Повторлива тема е наводното финансирање на САД на биолошки лаборатории во Источна Европа - извор на протекување на вируси и тајни експерименти. На пример, NewsFront ни кажува дека Пентагон наводно спроведува експерименти во Украина дека не се осмелува да ги извршува на американско тло заради екстремно ниво на закана. Покрај тоа, американските био-лаборатории во Украина и се закануваат на Русија затоа што американските експерти таму собираат опасни видови на болести. Лабораторијата Лугар во Џорџија (особено честа цел на про-Кремљински дезинформации) развива биолошко оружје насочено кон населението во Јужна Осетија.Целата статија може да ја прочитате тука. Извор: EUvsDisinfo
ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО