Нашите партнери, Европски вредности, го објавија априлското издание на месечниот информатор Balkans Watch Briefing. Темата на ова издание е ширењето на дезинформации во тандем со ширењето на КОВИД-19. Овие дезинформации имаат за цел да ги занемарат помошта и поддршката од ЕУ и САД, а за сметка на тоа ги претставуваат Русија и Кина како сјајни примери на глобално лидерство. Ова издание особено се фокусира на континуираните напори на Москва и Пекинг да го поткопаат трансатлантското единство во моменти кога тоа е најпотребно. Европскиот сервис за надворешна акција (ЕЕАС) извести дека „во тек е сериозна дезинформативна кампања од руските државни медиуми и про-руски медиуми поврзана со КОВИД-19“. Западен Балкан не е исклучен од оваа „инфодемија“. Овие медиуми ја претставуваат ЕУ како некомпетентна и себична, НАТО како без кормилар, а Русија и Кина како доброволни спасители. На овој линк може да се претплатите на месечниот информатор.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2023 F2N2.