ОПИС

Оригинален наслов на Спутник Србија: Американските авиони кои не’ бомбардираа и приоѓаат на Србија

Оригинална статија

Архивирана статија

Оригинален наслов на Б92, каде како извор се наведува Спутник: Американските бомбардери кои ја нападнаа Србија се враќаат во регионот

Оригинална статија

Архивирана статија

Медиуми кои ја пренесоа веста во Северна Македонија: tocka.com.mk и mms.mk

Архивирана статија

Насловот на текстот на Спутник и српскиот медиум е манипулативен и застрашувачки, додека пак самиот текст е контрадикторен и шпекулативен. Српската национална ТВ Б92 пренесува дел од веста, објавена од Спутник на српски јазик истиот ден. Авторот на текстот тврди дека Б-1Б бомбардерите ќе учествуваат на воената вежба на полигонот Криволак, при што ќе фрлаат бомби, а како извор на информација го цитира извесен српски воен аналитичар Александар Радиќ.

Понатаму, аналитичарот аргументира дека овие бомбардери се очекува да пристигнат во Северна Македонија од воената база на Кралските воздухопловни сили “Фаирфорд” лоцирана во Обединетото Кралство, при што, учеството на овие авиони во воената вежба носи симболична порака за Американската супериорност во регионот, за Србија.

На крајот во текстот на Спутник, аналитичарот аргументира дека не ја исклучува можноста овие бомбардери да ја прелетаат Србија, со оглед на тоа што ЕУКОМ е еден од клучните партнери на Српската Армија.

ФАКТ/И

Еве како и на кој начин се врши погрешна интерпретација на фактите. Прво, вистина е дека Б-1Б бомбардерите учествуваа во НАТО Операцијата Здружена Сила за бомбардирањето на Југославија во 1999 година. Всушност, само шест Б-1Б бомбардери беа респоредени во 1999 година, што претставува помалку од 2% од вкупниот број на извршени воздушни напади. Второ, вистина е дека Северна Македонија ќе биде домаќин на воената вежба „Одлучен удар“ во периодот од 20-ти мај до 15-ти јули 2019 година. Трето, исто така, точно е дека во минатото Американските воздухопловни сили распоредија одреден број на стратешки бомбардери, вклучително и Б-1Б бомбардери, во воздухопловната база “Фаирфод” во Обединетото Кралство. Овие бомбардери беа употребени неколку пати во воените мисии во Авганистан, Ирак и Сирија, како и во воените вежби BALTOPS и Saber Strike во 2018 година.

Овие факти, се злоупотребени и погрешно интерпретирани во прилог на АНТИ-НАТО наратив.

Прво, до моментот на објавувањето на овој текст нема Б1-Б бомбардери распоредени во Обединетото кралство. Во моментов има само шест Б-52Х бомбардери стационирани во воздухопловната база Фаирфод” во Обединетото Кралство, за потребите на НАТО воените вежби. Според Командата на Американското Воздухопловство за Глобален Напад, сите
Б-1Б бомбардери се приземјени во Американските воени бази во Тексас и Северна Дакота за инспекција на можни технички проблеми.

Второ, ниту авторот ниту аналитичарот не даваат никаква релевантна информација, или доказ дека Б-1Б бомбардерите ќе учествуваат во „Одлучен удар“ во Северна Македонија.

Трето, тимот на F2N2 го контактираше Миистерството за Одбрана на Република Северна Македонија, од каде не инфорираа дека „ Целосна дезинформација е веста на српскиот портал Спутник, а пренесено од Б-92 дека бомбардер од типот Б-1Б ќе биде дел од вежбата „Одлучен удар“, а уште помалку е точно дека воздухоплов од тој тип ќе „фрли бомба“ за време на вежбата. Бомбардерот од типот Б-52 ќе изврши прелет единствено на Денот за високи гости, ден на кој прелет ќе имаат и авионите од типот Ф-16. 

Четврто, српскиот аналитичар вели дека Американската Европска Команда (ЕУКОМ) е клучен партнер на Српската армија, додека во истовреме тој наведува дека (наводното) учество на Б-1Б бомбардерите ќе биде симболична порака до Србија. Дополнително, не е јасно зошто Америка или НАТО би барале од српските власти да им дозволат прелет преку српската територија, знаејќи го фактот дека три од соседите на Северна Македонија се земји-членки на НАТО.

Да заклучиме, овие тврдења и текстови се манипулативни и застрашувачки со цел да го рашират АНТИ-НАТО наративот на Кремљ, како и АНТИ-ЕУ наративот помеѓу луѓето.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.