• оваа технологија не е поштетна од она што веќе го имаме и го користиме (а тоа е занемарливо малку).

  • Стратешки оваа технологија би рекле е потребна заради подобрување на брзината на комуникација, капацитетот за комуникација, ефеиксаноста и ефективноста. Со неа може да се пренесуваат поголема количина на информации со поголм квалитет и со поголема брзина.

  • Главаната битка за доминација во 5г технологијата произлегува во потребата од доминацијата во оваа сфера која се очекува да отвори нови можности но и нови вработувања. Тука, Кина и Русија доцнат со имплементацијата на 5G и се далеку зад САД и Западно европските земји.

  • Безбедносен ризик – една од водечките фигури на Хуавеи е поранешен полковник во Кинеската армија. Во авторитарните држави како Кина, т.н. квази приватен сектор го крева целиот аларм за безбедноста особено заради фактот што најголемиот број од нападите во сајбер сферата врз Западот доаѓа преку бизнис секторот, а е оркестриран од милитаризирани напаѓачи кои дејствиуваат најчесто „како патриотски хакери“.

  • Апелот од Генералниот секретар на НАТО да се усвои 5Г за да се израмнат стандардите е заради ефикасноста и ефективноста. Со израмнети стандарди и протоколи за безбедност и сигурност ризикот од нарушување на безбедноста и сигурноста се намалува. Можноста за манипулирање и пресретнување на информациите зависи од стандардот.

Пишување на тема 5G технологија кај нас како и за се останато во последно време не е заради дебатата која е суштинска и ориентирана кон недостатоците или предностите, ефикасноста и ефективноста на примената на оваа технологија, туку за расчистување на тероиите на завера, вистините и манипулациите, фактите и митовите или (засега ги нема) евентуална корупција и некој скандал. И токму во ваква магла, заради post festum  пристапот и потребата да се разговара за темата се јавуват дилеми, стравови и недоверба. За ова има повеќе причини. Прво, од секогаш човекот она што не го знае се обидува да го објасни на начин кој нему му е најлесен и најприфатлив. Второ, во услови кога постои вакуум на нешто тој вакуум се пополнува по линија на помал отпор од она што прво ќе се појави. Трето, од тоа кој ја оформува дебатата многу зависи како таа ќе се одвива и какви последици ќе има. И конечно, мошне битно е во какви услови ќе се одвива дебатата, дали во отворено општество демократско или во авторитарно. За ова не се виновни оние кои дебатираат или заземнаат став индивидуално. За ова како општество сме виновни сите. Од стратешкото лидерство во државата, професионалците во дадена сфера, академската јавност, менџментите на водечките компании во приватниот сектор, невладиниот сектор и секако уредувачите на медиумските портали кои имат своја логика во известувањето, па дури на крај оние кои се оставени да ја коментриаат технологијата сами на себе. Но, за тоа и со тоа нема да се занимаваме бидејќи тоа е тема сама по себе за која се потребни серијали. За тоа дали е или не е  штетна  5г мрежата и целата технологија која ќе треба да ја следи оваа мрежа ќе оставиме да зборуваат други. Она што би го рекол во овој момент или најкоректно е да се каже дека оваа технологија не е поштетна од она што веќе го имаме и го користиме (а тоа е занемарливо малку).

Предностите од оваа технологија се бројни. Ќе се зголеми квалитетот на информациите (брзината, ефикасноста, можноста но и безбедноста). Во пракса, тоа би значело на пример, дека доктор ќе може да оперира, а да не е во просторијата. Брзината и доцнењето од 4г (латентноста) се унапредени .  На тој начин секоја акција од докторот речиси истовремено се пренесува и врз робот-машината кој/а ги изведува движењата. Со 5г ќе може да се унапреди и возењето на автомобили без човек. Да, тие се сега во функција, но покрај недостатоците имаат огрничување во дизајнот и ефикасноста. Ова значително ќе се смени со 5г. Прецизноста на дрон технологијата ќе се унапреди особено во комуниkацијата и секако брзината на реагирање. Квалитетот на сликата е во пакет на ова подобрување.  Дома како што ја снема потребата од фиксен телефон ќе нема потреба и од интернет како што сега го знаеме. Сите работи со интенрнет на нештата и кул алатки ќе бидат многу поедноставно да се стават во мрежа.

Е сега зошто фамата за оваа технологија е толкава. Има стратрешки, правни и технички причини за тоа.

Стратешките се во трката околу тоа кој прв ќе успее да ја воведе, усоврши и да ги диктира темпото и стандардите на истата. Тука, претходно предначеше Кина, па така (само уште сега) теориите на завера кои се поврзани со Запад паѓаат во вода бидејќи ако хипотетички некому не му одеше во прилог ова тоа беше САД пред се, па и останатиот западен свет ЕУ (сетете се само на бојкотот на Хуавеи). Русија во овој контекст исто така има интерес да „трола“ бидејќи таа, е назад и ја нема технологијата на потребното рамниште па митот за Руската супериорност би се срушил.

Главаната битка за доминација во 5г технологијата произлегува во потребата од доминацијата во оваа сфера која се очекува да отвори нови можности но и нови вработувања. Натпреварот, за доминација денес генерално се пресели на полето на стандардизацијата. Оттука, јасно е дека дипломатските кругови но и бизнис заедниците на Западот предводен од САД и водечките земји членки во ЕУ од една страна и Кина од друга страна, се во трка по доминација во телата за стандардизација. Тоа се т.н. 3 Генерација Партнерски Проект-3ГПП (доаѓа од 3rd Generation Partnership Project – 3GPP и Меѓународната унија за телекомуникација-МУТ (оригинално: International Telecommunications Union -ITU). Поедноставено, кој доминира во овие организации ќе диктира пристап кон стандардите, а со тоа и доминацијата на развојот на 5Г. Само накратко, под притисок на геополитичките интереси одложувањето на прифаќањето на еден од стандардите за неколку месеци може да се одрази и во губење на предноста на одреден производител во оваа индустрија. Таквата пракса го чинеше Хуавеи да ја загуби предноста пред Епл (кој доцнеше со равојот на оваа технологија). Сепак, покрај бизнис интерес има и безбедносен интерес во потребата да се доминира процесот на стандардизација на 5Г технологијата. Копјата на несогласување најмногу се кршат околу пристапот на стандардизацијата во кодирањето на информацијата. Кодирањето и можноста за декодирање пак јасно ја покажува потребата од доминација и интерес за тоа. Кинеската компанија Хуавеи стратешки инвестираше во развој и унапредување на 5Г технологијата.

Иако американската компанија Квалком (Qualcomm) во голема мерка ги претставуваше и доминираше стандардите во оваа сфера, тие значително заостанаа зад Хуавеи. Овој потег на компанијата и дозволи да воведе нов стандард во кодирањето на информацијата познат како „поларни кодови“ (оригинално: polar codes). Овој начин на кодирање на информацијата е различен од оној во кој домира Западот и пред се, Квалком, а тоа е т.н. „low-density parity check“, – LDPC или најслободен превод „пристап на делумна проверка на ниска густина“. Оваа метода на кодирање на информацијата е поддржана уште и од Нокиаа, Самсунг и Интел, како и низа други помали компании од Западната хемисфера.  Стандардизацијата која започна уште во 2016 година во најголема мерка се фокусираше на борбата околу доминација на пристапот кон стандардот. Сепак, откако на Западот му стана јасно што ќе се добие со доминацијата на Хуавеи во оваа сфера значеше палење на црвеното светло и на тој начин преку овие тела во сферата на бизнисот да се анулира предноста која во првата половина од минатата декада ја создаде Хуавеи. Безбедносната аргументација на Западот за вовоедувањето на геополитичката димензија може и да се разбере ако се знае на пример дека една од водечките фигури на Хуавеи е поранешен полковник во Кинеската армија. Дополнително, за разлика од либералниот пристап на ограничена или речиси никаква улога на државата во бизнисот, во авторитарните држави како Кина, т.н. квази приватен сектор го крева целиот аларм за безбедноста особено заради фактот што најголемиот број од нападите во сајбер сферата врз Западот доаѓа преку бизнис секторот, а е оркестриран од милитаризирани напаѓачи кои дејствиуваат најчесто „како патриотски хакери“.  Новиот избор на лидерите на 3 ГПП и на МТУ, повторно содржи потенцијал за промена на балансот и доминацијата во трката околу 5Г. Засега тој се чини дека израмнет и воглавно Кина и САД се влезени во мртва трка. За ова им потреба да се пишува ама за тоа во друга прилика. Но, нејсе. Стратешки оваа технологија би рекле е потребна заради подобрување на брзината на комуникација, капацитетот за комуникација, ефеиксаноста и ефективноста. Со неа може да се пренесуваат поголема количина на информации со поголм квалитет и со поголема брзина.

Безбедноста исто така е поголема освен кога не е! За ова малку подолу бидејќи се е поврзано со потребата од сигурност и безбедност.  Од технички аспект, ако стандардите се различни, ефеисканоста и ефективноста на 5G во поглед на безбедноста и сигурноста се намалува. Една многу битна забелешка овде е дека ништо во современата технологија не е 100 % безбедно. Бидејќи тоа е така и со конвенционалната технологија за комуникација на пример, секогаш се оди со прифаќање на одредена доза на ризик или се гледа што е по безбедно односно помалку порозно и погодно на злоупотреба. Во тој контекст 5G е шампион, ако и само ако се имплементира со соодветен стандард. Оттука и тезата дека технологијата е безбедна освен кога не е.

Апелот од Генералниот секретар на НАТО да се усвои 5Г за да се израмнат стандардите е заради ефикасноста и ефективноста (каде бебедноста и сигурноста се рамо до рамо со квалитетот на услугата и удобството). Со израмнети стандарди и протоколи за безбедност и сигурност ризикот од нарушување на безбедноста и сигурноста се намалува. Без тоа 5г е попорозна на напади и тоа преку неколку вида. Значи повторувам нападите и евентуалниот ризик да се манпулираат, пресретнат или на друг начин попречат информациите и со тоа да се компромитираат е можно. Колкава е таа можност зависи од стандрадот. Ако правилно се имплементирани стандардите можноста се намалува и обратно. Ранливоста на нападите на кои е најпорозна оваа технологија кога нема соодветни стандарди се зголемува и како можни напади се т.н. напади познати како „лажна базна станица“ со направи познати во оваа сфера како „Стингери“. Наједноставно кажано овие направи го лажат уредот дека се базна станица и емитираат сигнал за да го привлечат уредот кон себе. Откако ќе успеат да го „заведат“ уредот на корисникот, домаќинот на овие средства ја зголемува можноста да ја контролира информацијата (преслушкува, ја менува содржината-ја манипулира и сл.). Како дополнителен недостаток е дека засега постојат истражувања во кои софистицирани напади (кои е тешко да се изведат во реални ситуации) може да ја деградираат 5г во 4г или 3г за да ја направат ранлива. Откако ќе го направат овој напад оние кои злоупотребуваат потоа ги користатат недостатоците на 4г или 3г мрежата и вршат најразлични напади. Тоа е уште еден доказ зошто 5G е подорба од 4г или 3 г во технички, а последователно со тоа и во безбедносен контекст.

Како најголма грижа за 5G технологијата оттука и во правна смисла не треба да биде дали е штетна, бидејќи уште еднаш, таа е исто толку штетна колку и сега она што го користиме, туку колку државата ќе биде истрајна кај операторите да обезбеди оваа технологија да се имплемнтира согласно стандрадите. Во трката за престиж мобилните оператори ќе ја имплементираат 5г. Ако тие направат грешка или ако кратат во инвестициите и се фокусират на профит наместо на сигурност и безбедност и стандард ќе отворат можност за нови ранливости и опасности. Една от таквите опасности може да биде недостаток на автентификација на корисникот или пак заштита на личните податоци (правниот предизвик). Бидејќи во вакви случи корисникот многу тешко може да знае како и за што се злоупотребени неговите податоци или пак да знае дали компанијата навистина ги имплементира стандардите. Владите или властите се тие кои треба да ја гарантираат стандардизацијата на 5г.

logo

ФИНАНСИРАНО ОД

sponsor

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД

ПАРТНЕРСТВО

sponsor
© 2024 F2N2.