На 07.05.2019 се појави лажна вест дека Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија си заминува од својата позиција.Според порталот магазин.мк, министерот ќе ја напушти земјава и ќе замине на ново работно место. Порталот чија лажна вест е дека Димитров заминува на ново работно место како советник и аналитичар во „Брукингс Институтот“ во Вашингтон се повикува на дипломатски извори. Лажната вест ја презедоа и други портали, но дел од нив, подоцна ја избришаа.
Оригинална статијаАрхивирана статија
Оваа лажна вест беше објавена и на следниве портали: Republika.mk, Markukule.mk (подоцна избришана), Lider.mk, News24.vip (подоцна избришана), Skopje24.mk (подоцна избришана), Denesen.mk (подоцна избришана).Истиот ден на порталот Инфомакс се појави статија која е со различен наслов, но е во ист контекст.Покрај порталите кои ја објавија оваа лажна вест во нејзиното ширење се вклучија и социјалните мрежи. Статииите кои беа објавени на порталите беа споделени во повеќе групи на Фејсбук, во продолжение Ви приложуваме докази во вид на слика.Статијата од порталот Инфомакс на социјалните мрежи е споделена 320 пати, има 881 коментар и 1.606 емотикони. Со ова вкупните интеракции на Фејсбук се 2.807.
Статијата од порталот Магазин на социјалните мрежи е споделена 277 пати, има 768 коментари и 1.207 емотикони. Со ова вкупните интеракции на Фејсбук се 2.252.
Статијата од порталот Република на социјалните мрежи е споделена 105 пати, има 312 коментари, 426 емотикони, со што вкупните интеракции на Фејсбук се 843
Статијата од порталот Mаркукуле на социјалните мрежи е споделена 104 пати, има 151 коментари, 170 емотикони, со што вкупните интеракции на Фејсбук се 425
Во продолжение можете да видите слики од дел од групите на кои беше споделена оваа лажна вест.Она што е симптоматично е тоа што споделувањето на Фејсбук групите на сликите погоре, очигледно е добро оркестрирано затоа што сите споделувања се со временска разлика од само неколку минути, во зависност од тоа од кој портал се споделува статијата.Еве Ви и еден школски пример прикажан низ слики за тоа како функционира ширењето на дезинформациите на социјалните мрежи. Станува збор за споделувањето на статијата од Фејсбук групата Пелагонија, која за рекордни 4 минути е споделeна 34 пати.Покрај превземањето на оваа лажна вест, загрижуваат и коментарите. Во коментарите во постовите на фејсбук групите може да се прочита како министерот и неговото потесно семејство е навредувано и омаловажувано, прикажан е како американски шпион, дури се посакува и негова смрт.Поради експлицитноста и вулгарниот речник користен во скоро секој коментар, во прилог Ви прикажуваме слики со коментарите на само мал дел од групите на кои е споделена лажната вест.ФИНАНСИРАНО ОД
Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на имплементаторот(ите)/авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Владата на САД
ПАРТНЕРСТВО